Можете да ја пронајдете на пазар, како веќе подготвен производ во тегличка или како сало од гуска. Околу 300 грама сало од гуска се сецка на коцки и полека, на умерена температура се топи во сад, внимавајќи притоа да не изгори. Кога ќе се истопи целосно, се процедува и се става во тегличка. Оладената маст се чува во затворен сад во фрижидер. Пред употреба се вади од фрижидерот и се остава да отстои на собна температура, со цел да се загрее.

 

 

Оваа маст може да се користи на два начина:

 

Како облога

 

Се мачка граднио кош со маста, се прекрива со газа или со памучна крпа и се загрева болниот ворасен или дете. Најдобро е облогата да се става три пати на ден: наутро, еднаш преку ден и навечер пред спиење. За тоа време болниот треба да мирува еден час по ставање на облогата, а со вечерната облога да преспие преку ноќта.

 

Како додаток во млеко

 

Една мала лажичка за деца, односно една супена лажица за возрасни се меша со топло млеко. За постогнување подобар вкус, се додава иста количина мед во маста и потоа таа се става во млекото. Најдобар ефект се постигнува коа овој напиток се пие 2-3 пати дневно со минимална разлика од 4-5 часа.

 

Оваа природна терапија треба да се користи додека постојат симптомите на болеста.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина