Жолчка помешана со три лажички рендано јаболко е вистински избор за заштита на сувата кожа. Мешавината се става на влажно лице, да делува половина час, а потоа се плакне со млака вода. По третманот, сувите делови од лицето ќе бидат меки и доволно влажни, а кожата на целото лице ќе биде затегнато и, исто така, мека.

За третман на нормална кожа потребни се од два до три килограми јаболки. Се мелат со кората во мапина за мелење месо, а потоа се оставаат да стојат на собна температура осум часа. Со помош на газа се прават облози од јаболка и се ставаат на претходно добро исчистено лице да делува 20 минути. По отстранување на облогата, лицето се мие прво со млака, а потоа со студена вода. Овој третман е многу ефикасен, бидејќи јаболките го штитат организмот од слободни радикали, кои се одговорни за стареењето на кожата. Содржат и пектин, кој ја смирува и омекнува кожата, како и мелеинска киселина, која делува како пилинг. Исто така, ги штитат капиларите и ја поттикнуваат микроциркулацијата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина