Магнезиумот е важен за здравјето на забите, коските, срцето, бубрезите и мускулите, а исто така помага и за регулирање на другите нутритиенти, како што се бакарот, цинкот и витаминот Д. Многу луѓе не внесуваат доволно магнезиум, посебно затоа што тој не се содржи во многу намирници, а во телото се губи поради големата колична на внесен кофеин, алкохол, сол и присуството на хроничен стрес и напорни тренинзи.

Луѓето кои патат од инсомнија или тресење на нозете најверојатно имаат помалку магнезиум во телото отколку што им е потребно. Освен нив, магнезиумот може да биде намален за време на ПМС, кога луѓето се анкциозни, депресивни, кога имаат мигрени, страдаат од дијабетис или од висок крвен притисок, хронична дијареја или повраќање, како и воспаленија на мускулите. Жените би требало да внесуваат од 310 до 320 милиграми магнезиум дневно, а доколку се бремени од 350 до 360 милиграми. Магнезиумот може да се надомести во вид на таблети, но може да штети доколку се користат некои лекови за висок крвен притисок или некои други антибиотици. Затоа најдобро е магнезиумот да се внесува преку храната.


1. Сол за капење

Иако ова не е внесување на магнезиумот преку исхраната, може да помогне доколку патите од инсомнија. Наполнете ја кадата со топла вода и ставете и сол за капење. Легнете и опуштете се. Кожата ќе ви се натопи со овој раствор кој делува ефикасно на воспалителните процеси и на редукцијата на отекувањето. А, покрај тоа полесно ќе заспиете по капењето


2. Темнозелени листови

Спанаќот и кељот се богати со влакна, витамини и минерали, како што е магнезиумот.

3.Јаткасто овошје и семки
Семките од тиква, оревите, бразилскиот орев, бадемите и пистаците се добар извор на магнезиум, кои помагаат кај анкциозност и депресија. Тие исто така го подобруваат расположението, бидејќи содржат протеини, влакна, здрави масти и други нутритиенти.

 

4. Овес

Еден филан овесна каша содржи 61 милиграми магнезиум. Ако со овој појадок додадете и малку семиња и јаткасто овошје, ќе го зголемите тој број.

 

5. Банани

 

Можеби е најлесно да внесете магнезиум при јадењето банани. Една банана содржи 32 милиграми магнезиум.

6. Темна чоколада

Чоколадата која содржи повеќе од 80% какао во себе е богата со аниоксиданси, а исто така содржи и многу магнезиум.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина