Милиони луѓе ширум светот боледуваат  од дијабетес, односно имаат зголемено ниво на шеќер во крвта. Околу една четвртина од луѓето не ни знае дека боледува од дијабетес, а овие се симптомите кои упатуваат на тоа.

 

Опасно е кога некој не знае дали има зголемено ниво на шеќер во крвта, бидејќи кога тоа не се контролира, може да доведе до сериозни компликации, како срцеви болести, оштетувања на бубрезите или нервите, се до губење на видот. Една од причините зошто толку многу луѓе не знае дека боелдува од дијабетес е тој што симптомите не се премногу очигледни. Најчесто се развиваат постепен, па поради тоа и не сфаќаат дека имаат здравствен пробле. Затоа е многу важно да се знае на кои се симптоми треба да се обрати внимание.

 

Постојано ви се уринира

 

Зголеменото мокрење е еден од знаците кои покажуваат дека нивото на шеќер е вон контрола. Кога имате доволно гликоза односно шеќер во крвотокот, бубрезите се обидуваат да го исфрлат вишокот преку урината. Резултатот од тоа е пречесто мокрење од вообичаено, вклучувајќи ја и ноќта. Бидејќи на тој начин се губи голема количина на течности, многу веројатно е дека ќе бидете често жедни, а устата ќе ви биде сува.

 

Ненормално сте жедни

 

Со честото мокрење од телото се исфрлаат повеќе течности од вообичаено, па изложени сте на дехидратација. Поради тоа сте често жедни и устата ви е сува, дури и ако пиете вода како и обично. Плус, ако пиете повеќе вода, често ќе мокрите, така што овие два симтоми буквално се вртат во круг.

 

 

 

Исцрпени сте

 

Заморот е вообичаен спореден ефект на дехидратацијата. Ако мокрите почесто од вообичаено и сте пожедни од обично, можно е да се чувствувате необично уморни. Исто така, заморот се јавува и без разлика на тоа што си легнувате навечер во време кога и инаку и станувате наутро во вообичаеното време. Ако станувате навечер неколку пати за да мокрите, тоа го попречува вашиот сон, па поради тоа се будите наутро уморни, и покрај тоа што сте спиеле, да речеме, седум – осум часа.

 

Заматен вид

 

Малата леќа во центарот на окото е одговорна за остриот централен вид. Но, кога нивото на гликоза е високо. Течноста може да стигне до леќата и да доведе до оток. Тоа отекување може да влијае врз фокусот, и тогаш видот станува нејасен, заматен, дури и ако носите очила или леќи кои инаку ги носите.

 

Крварење на непцата

 

Истите бактерии кои доведуваат до тоа раните и исечениците побавно да зараснуваат, влијаат и врз непцата. Поради тоа непцата можат да бидат црвени, отечени и чувствителни, па и да крварат кога ги миете забите или кога ги чистите со забен конец. Во нормални околности, телото би се борело против тие бактерии во устата. Но, зголеменото ниво на шеќер во крвта ја прави устата пријателско место за бактериите и ја намалува способноста на телото да се брани.

 

Необични траги на кожата

 

Превисокото ниво на шеќер во крвта може да ги оштети крвните садови, вклучувајќи ги и оние кои се сместени веднаш под кожата. Тоа оштетување може да доведе до појава на црвеникави или кафеави траги на кожата, посебно на долниот дел од нозете, под листовите. На тие места може да се појави чешање, но и болки. Можат да се забележат исто така и речсии виолетови траги на пресеците на кожата – посебно под пазувите, на препоните или на вратот.

 

 

Тагови: дијабетис
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина