sudbina_1

Многумина веруваат дека добрите работи секогаш им се случуваат на другите. Ако мислите дека немате среќа и за тоа ја обвинувате судбината, време е работите да ги превземете во свои раце. Психолозите тврдат дека премногу размислување пред донесување одлука, избегнување на обврските и чувство на немоќ се само некои од триковите со кои нашиот мозок не саботира. Ако се спротивставувате на промените, ќе бидете неподготвени кога тие и конечно ќе се случат. Затоа, најдобро е да се прифатите промените и да се адаптирате.

Се разбира дека не би требало да бидете невнимателни, но преголемото анализирање пред донесување одлука може да направи да се чувствувате ” закочено “или парализирано. Работите често не испаѓаат онакви какви што се надевате, но треба да знаете дека не можете секогаш да ги имате сите потребни информации и дека неуспехот не е најлошото нешто што може да ви се случи. Затоа, бидете храбри и храбро движете се напред.

Би бил посреќен доколку имав помалку работа – Многу луѓе мислат дека помалку работа би ги направила посреќни. Но, животот без никакви обврски нема да ви донесе задоволство. Луѓето се по природа креативни и вредни, па за задоволство и среќа им се потребни предизвици и достигнувања. Доколку мислите дека вашите нови чевли или автомобил ќе ве направат посреќни, размислете повторно, бидејќи овие нешта носат само привремено добро расположение. Ако заради преголемата зафатеност со работата се чувствувате лошо, потребна ви е подобра организација. Променете нешто. За почеток, можете прво да ги работите активностите и задачите кои не ги сакате, за оние што повеќе ви се допаѓаат ви останат за на крај. Сигурно ќе се чувствувате подобро.

Обвинување на другите – Најлесно е другите да ги обвините за сопствениот неуспех или несреќа. Тоа нема да ви донесе ништо добро, само краткорочно олеснување. Наместо секогаш да ги обвинувате другите, преземете одговорност за вашиот живот.

Знам дека треба, но … – Ако има нешто што навистина го сакате, ќе најдете начин тоа и да го остварите. А, доколку не сакате да се потрудите да постигнете нешто, лесно ќе пронајдете изговор . Не дозволувајте вашиот ум да ве спречува . Се што сакате можете да го постигнете доколку се потрудите доволно силно.

Среќа им доаѓа само на некои – многумина веруваат дека среќата секогаш ги следи другите. Ако мислите дека сте жртва на судбината и дека ништо добро вам нема да ви се случи, ги намалувате шансите за среќа. Секој може да биде кројач на својата судбина, доволно е само да биде доволно силен и упорен за да се бори за себе.