Престанете да користите стапчиња за уши
Здравствените стручњаци имаат објавено нови правила за тоа дека сите ние погрешно целиот живот сме си го загрозувале животот. Во извештајот кој го имаат објавено стои дека телото се погрижува за восокот во ушите на природен начин, исфрлајќи го самиот. Џвакањето, поместувањето на вилицата и растот на нови клетки во ушниот канал му помагаат на телото да се ослободи од стариот восок. До таложење на восокот доаѓа кога овој процес ќе се наруши и тоа се случува кај 10% од луѓето. Стручњаците советуваат да не се чисти восокот пречесто и никако да не се користат стапчиња за уши, бидејќи со нив можеме уште подлабоко да го турнеме восокот во увото и да го нарушиме природниот циклус на неговото отстранување. Во екстремни случаи, на овој начин дури можеме и да го оштетиме слухот.
“Луѓето сакаат по секоја цена да ги исчистат ушите, бидејќи мислат дека ушниот восок е знак за лоша хигиена. Оваа заблуда може да доведе до крајно нездрави здравствени навики. Луѓето мислат дека го спречуваат создавањето на восокот, така што го чистат со стапчиња за уши и со многу други нешта кои ќе им дојдат при рака. Но, тоа е погрешно, бидејќи на тој начин го туркаат подлабоко во увото,, соопштуваат стручњаците.