Премногу трчање може да убие?
Сите знеме колку многу е важна физичката активност. Една од најздравите е, секако, трчањето. Меѓутоа, ако се пртера со него, од него може да се има само повеќе штета отколку полза.
Податоците од данските научници од болницата Фредериксберг, во Копенхаген, покажуваат дека премногу трчање е исто толку лошо за здравјето како и целосното одбегнување на телесна активност.
Списанието “American College of Cardiology” ги објавило резултатите кои биле собирани цели 12 од околу 1.000 здрави испитаници, од кои некои се занимавале со рекреативно трчање. Се покажало дека најмал ризик за смртност имале оние кои трчале околу 2,5 часа недело, со просечна брзина од осум километри на час. Наспроти тоа, најголем ризик за смртност имале оние кои трчале повеќе од 4 часа неделно или кои воопшто не се занимавале со рекреација. Зголемениот ризик од смртност бил воочен и кај оние луѓе кои трчале со просечна брзина од 11 километри на час. Овие научници веруваат дека ваквите резултати можат да ги објаснат последиците од претераните физички напори врз срцето.