Група научници од Австралијанскиот држевен институт работи заедно со своите француски колеги за тоа да може ракот на дојка многу полесно да се открива. Тие веруваат дека доволна е анализа на крвта за да се дијагностицира оваа опасна болест. Овие истражувачи тврдат дека успејале да тестираат крв на рак на дојката така што одредуваат во која мерка се присутни одредени изотопи, конкретно јаглеродот 12 и азотот 15. Како што велат тие, ќе биде потребна уште една цела деценија за овој тест да стигне во клиниките ширум светот. Тестовите кои се базираат на анализа на крвта веќе постојат, и се работи за т.н. тумор маркери. Тие пронаоѓаат одредени протеини кои се наоѓаат во поголеми проценти кај оние кои боледуваат од рак. За жал, тие се значително неспецифични. Да речеме, ако некој има рак на јајчниците, зголемен е протеинот CA-125. Меѓутоа, високите нивои на овој протеин не мора да значат дека некој има рак на јајчниците. Може да се работи и за бенигнен тумор. Научниците се обиделе поедноставено да објаснат како имаат намера да ги користат анализите на крав во борбата со ракот. Секој рак е единствен, па од тука секој тумор има одреден ,,генетски код,, кој го прави специфичен. Успешноста на лекувањето зависи од тоа дали туморот ќе реагирана лек, а за да сме сигурни дека ќе делува, мораме да знаеме повеќе за самиот тумор, односно за неговиот генетски код. Секојпат кога една клетка на рак ќе изумре, таа испушта дел од својот генетски код во крвта на човекот. Овој слободен ДНК се нарекува ,,циркулирачки туморски ДНК,, (ctDNA). Научниците веруваат дека можат да ја тестираат крвта на пациентите користејќи ја оваа слобода ctDNA и на тој начин ќе бидат во состојба да дознаат многу повеќе за типот на тумор и за тоа како се развива. Ова би било многу важно за откривањето на ракот и за лекувањето, бидејќи ќе ни покаже дали туморот реагира на лекот или е отпорен на него.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина