Овој облик на сексуална дисфункција кај мажите, кога тој ејакулира пред да го сака тој тоа или неговата парнерка, е општа дефиниција за тоа што е и не го дефинира прецизно траењето на односот до чинот на оргазам, што е променлива вредност и зависи од многу фактори вклучени во интимниот однос. При одредувањето на прецизниот поим за предвремена ејакулација, она што за некои парови би можело да се смета за соодветно траење на пенетрацијата кај други би можело да биде несоодветно. Ако на мажот му се потребни 8 минути за да доживее оргазам, а на жената на пр. 6 минути, тогаш траењето на пенетрацијата може да се смета за нормално. Друг маж можеби би можел да го одложи времето до ејакулирање на 20 минути, но ако на неговата парнерка и се потребни 30 минути за да постигне оргазам, тогаш тој ќе смета дека ејакулирал пребро или прерано. Постојат парови кои сексуалниот чин кој трае помалку од 20 минути го сметаат за незадоволителен. Еден извештај од 2006 година на Congress of the European Society for Sexual Medicine вели дека просечното траење на маж со проблем на прерана ејакулација е 1,8 минути, додека оние кои го немаат тој проблем можат да тераат и до 7,3 минути. Исто така, овој извештај вели дека 2,5 % од мажите не можат да останат во вагината подолго од 90 секунди. Практичната дефиниција на предвремената ејакулација може да биде дека ако еден од партнерите смета дека оргазмот се случува пребрзо, дека тогаш станува збор за предвремена ејакулација.

Многу мажи ејакулираат порано отколку што би сакале тие, или нивната партнерка. Се додека тоа се случува повремено, нема причина за загриженост. Но, ако се повторува проблемот во повеќе од 50% од обидите при сексуален однос, голема е веројатноста дека постои некоја дисфункција која бара соодветен третман.

Предвремената ејакулација може да биде примарна или секундарна. Примарната предвремена ејакулација е оној облик каде мажот има проблем со прераното ејакулирање онолку долго колку што е сексуално активен. Секундарната предвремена ејакулација е облик на прерано ејакулирање кое се јавило кај мажот после некој период во кој тој го немал проблемот со предвремено ејакулирање. Причините и во обата случаи можат да се појават во било која возраст на мажот. Но, најчеста е кај помладите (18-30 години). Поголем дел од предвремените ејакулации немаат воопшто јасни причини. Со текот на годините мажот научува како да ја одложува ејакулацијата. А, причините можат да бидат психолошки или физички. Процесот на ејакулација е комплексен процес и вклучува интеракција и на психичките и на физичките елементи. Ако станува збор за примарна предвремена ејакулација, стручњаците сметаат дека веројатноста е голема да се работи за физичка причина. Исто така се смета дека раните сексуални искуства можат да доведат до појавата на предвремена ејакулација, која понекогаш е многу тешко да се промени.

Психолошките причини за предвремената ејакулација ја вклучуваат депресијата, стресот поради егзистенцијалните проблеми, нереалните очекувања од сексуалниот чин, сексуална злоупотреба, недостаток на самодоверба. Ако мажот дотогаш имал задоволителен сексуален живот, каде предвремената ејакулација му се случувала само понекогаш, тогаш сите овие проблеми можат да доведат до проблеми во врската, што пак доведува до недостиг на комуникација помеѓу парнерите и нерешени конфликти кои оневозможуваат постигнување на емоционална интимност.

Физичките причини се хормонални промени, повреди нуспојави на некои лекови или друго.

Како и да е, предвремената ејакулација може да остави ефект врз животот на мажот но и на неговата врска, било брачна или љубовна. Честопати тоа доведува до тескобност кај мажот, а кога се работи за сериозни случаи таа дури му се заканува и на бракот или врската, од едноставна причина што може да им наштети и на двата партнера. Најсериозен облик на оваа дисфункција е кога мажот ејакулира пред да пенетрира. Тоа може да му ја намали самодовербата, да предизвика незадоволство кај партнерката и може да биде сериозен проблем ако парот сака да зачне дете.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина