За да имате добро здравје, расположение и елан, да можете да ги одбегнете настинките и грипот, да доживеете среќна длабока старост, треба секој ден да го честите организмот со по една лажица мед, и тоа на празен стомак. На најмладите треба да им се дава по половина лажица, советуваат стручњаците.

Медот е погоден и за оние кои имаат проблеми со желудникот, односно кои патат од гастритис. Тие треба да го консумираат медот по јадење. Ако медот се зема со чај или млеко, секогаш треба да се става во топол, никако во врел напиток.

Главни состојки на медот се шеќерите фруктоза, глукоза и сахароза. Потоа тука се  и ензимите, киселините и минералите. Од витамините, најмногу се присутни оние од Б-групата – Б1, Б2, Б3, Б6, како и витаминот Ц. Севкупно, медот содржи повеќе од 70 скапоцени состојки.

Колку тој најмногу вреди покажува податокот за тоа дека овој пчелин производ има хранлива вредност колку 3 килограми риба, 6 килограми портокали, 50 јајца и од 10 до 12 килограми зеленчук.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина