Во последниве месеци постојано се зборува за Кетогената диета. Не е ни чудио, зашто неа ја применуваат многу познати ѕвезди, како што се Ким Кардашијан, Гвинет Палтроу и многу други, за кои се вели дека својот добар изглед го должат токму на оваа диета.

Но, дали исхраната која е богата со масти, умерена во протеини и сиромашна со јагленохидрати е навистина толку добра? Асоцијацијата на нутриционисти од Австралија предлага внимателност при употребата на оваа диета.

Се работи за режим на исхрана стар речиси сто години, кој првобитно бил осмислен за терапевтски цели, за да помоне во контролирање на епилептичните напади. Во 90-те ја открил Холивуд, па нејзината популарност се проширила со брзина на светлината.

Иако кето-диетата, како што нагалено ја нарекуваат, се базира на масти, се работи за т.н. здрави масти, како што се оние во јаткастите плодови, авокадото и рибата, а не за нездрави масти, како што се оние во млекото, павлаката и путерот. Додека во стандардните диети се консумираат 30% – 50% јагленохидрати, овде нивното консумирање на намалено на 5%-20%. Кога со исхраната се консумираат многу малку јагленохидрати, телото се префрла во метаболичка состојба наречена кетоза, што значи дека наталожените масти се претвораат во кетонми, кои ги хранат мозокот и мускулите, што потоа резултира во зголемено согорување на мастите и релативно брзење губење на телесната тежина.

Токму овој аспект е спорен за австралијанските нутриционисти, бидејќи иако на пазарот постои еден куп диети со намалено консумирање на јагленохидратите, кето-диетата по ова прашање е една од најригорозните. Со цел да се почитува препорачаната дневна количина на јагленохидрати, дозволено е да се изеде половина компир или едно јаболко или да се испие една шолја јогурт. Затоа нутриционистите предупредуваат дека со оваа диета не се внесуваат доволно витамини, минерали и влакна, па и покрај брзото губење на килограмите, остануваатпотенцијално опасни последици. Кога е исхраната сиромашна со влакна, постои можност за појава на запек, што според австралијанските нутриционисти, на подолг временски период придонесува за развој на рак на цревата. Влакната од овошјето, зеленчукот и житарките од цело зрно придонесуваат за развој на добри бактерии, што ги прави цревата поздрави.

Исто така, резултатите се неизвесни на подолги патеки. Најдобра диета не е онаа која е популарна меѓу холивудските ѕвезди или нашите познајници, туку онаа која можеме да ја следиме. Токму овој субјективен момент ја прави кетогената диета неуспешна. На повеќето луѓе име тешко да се придржуваат на сите ограничувања, бидејќи оваа диета исклучува бројни намирници, од овошје и зеленчук, преку млечни производи, до ориз, леб и тестенини.

Заклучокот на австралијанските нутриционисти е дека оваа диета е добра за кратки временски периоди, поради тоа што навистина дава одредени метаболички ползности, како и дека е корисна во третирањето на одредени медиицински заболувања, но дека не може да се препорача на општатата популација, бидејќи не се истражени безбедноста и ефикасноста при нејзино користење на подолг временски период.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина