Сигурно досега имате слушнато дека четкичката за заби, бричот, сунѓерот за туширање, дезодорансот и крпата за бањање не е пожелно да се делат со други луѓе, бидејќи тоа може да доведе до сериозни здравствени проблеми. На оваа листа додадовме уште некои предмети коишто многу често знаеме да ги позајмуваме.

1.Сапун

“По секоја употреба сапунот е прекриен со живи организми од вашата кожа, од безопасни бактерии до сериозни патогени кои луѓето ги носат во себе,, – вели доктор Витни Бов, американски дерматолог

Дури и кога се работи за антибактериски сапун, мора да бидете свесни дека тој самиот не е доволно силен за да ги уништи сите бактерии. Го чуваме во влажно опкружување, поради што бактериите, габите и вирусите полесно ,,растат,, на неговата површина.

Стручњаците велат дека опасноста од зараза е значително помала ако сапунот го користат луѓе со кои сте секојдневно во непосреден физички контакт, како на пример децата или партнерот, бидејќи вашиот организам е навикнат на бактериската флора на овие луѓе. Меѓутоа, сепак се советува вашиот сапун да биде за исклучиво лична употреба.

2. Слушалки

Ова се однесува на мини слушалките кои се ставаат на уво, а не на нивната надворешна страна. Истражувањата покажале дека на нив се собира голем број бактерии од внатрешноста на увото. Нивниот развој се забрзува ако и користите додека вежбате, бидејќи додатокот топлина и влага доведува до понатамошно собирање на бактериите. Кога делите слушалки, бактериите како што е стафилококата можат да останат во восокот кој се наоѓа во увото и да доведе до инфекции. Ако веќе морате да ги позајмите, тогаш пребришете ги со алкохол пред употреба.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина