Празот (лат. Allium ampeloprasum) е многу старо култивирано растение, кое е во најблиско сродство со кромидот и лукот. Moже да нарасне во големина и до еден метар. Според нутритивниот состав сличен е со своите сродници, но со малку поголема содржина на протеини, бета-каротен и витамин Ц. Сировиот праз е одличен извор на манган, а добар извор е и на железо, фолна киселина и витамините од Б-групата и Б6. Со оглед на тоа што со готвење се намалува количината на витамини и минерали, готвениот праз станува добар извор на манган и осреден извор на железо, фолна киселина и на витаминот Б6.
 

Празот како природен антибиотик

 

Празот и неговите сродници содржат тиосулфонати, кои со сечење или дробење се претвораат во сулфиди. Овие материи делуваат каок природни антибиотици, го намалуваат крвниот притисок и холестеролот, ги активираат ензимите кои учествуваат во детоксикација на организмот и имаат улога на вршење превенција при појава на малигни заболувања. Може да се јаде сиров и готвен, што не ја намалува вредноста на фитохемикалите.

 

Добар за варењето

 

За да се спречи големата загуба на скапоцени состојки при готвењето, се препорачува празот да се стави во врела наместо во студена вода. Тој е многу богат со етерични масла, кои во системот за варење го поттикнува лачењето на соковите за варење, а добро влијае и на лачењето на урината. Во рана пролет празот се користи за прочистување на организмот, обновување на цревната флора, а има и лесно лаксативно делување.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина