За време на вежбањето со тегови една од најважните карактеристики е правилното дишење. Правилното дишење помага во вежбите со тегови, го намалува ризикот од повреди и други несакани појави. Од друга страна, пак, неправилното дишење е штетно од многу причини.

Дишењето е , секако, природен процес, но во текот на вежбањето, можеме да го контролираме, Многуе  важно правилно да вдишуваме и издишуваме. Доколку правилно дишеме, нашето вежбање ќе биде многу полесно и ќе има многу поголем ефект.

Поголемиот дел од почетниците ги занемаруваат предупредувањата од својот инструктор за правилно дишење, па потоа се соочуваат со многубројни последици. Неправилното дишење, но и недишењето воопшто, може да предизвика главоболка, вртоглавица, срцев напад, хернија и многу други болести.

Од друга страна, личноста која правилно дише во текот на вежбањето со тегови, може да има многубројни предности. Меѓу овие предности се побрзото губење на вишокот на масни наслаги, можноста за подигнување на поголема килажа, заштитата од разни повреди, особено повреди на грбот и слично.

 

Упатства за правилно дишење во текот на вежбањето со тегови

 

  • Не кревајте прекумерна тежина, бидејќи таа многу го отежнува правилното дишење.
  • Потребно е да се дише во текот на кревање на тежините. Многу почетници си го задржуваат здивот во текот на кревањето на товарот, па тоа може да предизвика забрзано чукање на срцето што е многу опасно.
  • Пред почетокот на работата со тежините, задолжително вдишете неколку пати.
  • Не создавајте преголем притисок на мускулите.
  • Пробајте со истата брзина  да го дигнете и да го спуштите тегот на градите.
  • Издишете преку уста , а вдишете преку нос
  • Концентрирајте се на на дишењето, бидејќи многу е важно да не дишете премногу бавно, ниту пак премногу брзо.
  • Секогаш контролирајте го процесот на внесување на воздух, да биде смирен и длабок.
  •  Дишете од вашиот стомак и дијафрагмата, а не од градите.
  • Кога ќе издишете, добро е да испуштите здив за да ви се стегнат мусклулите.
  • На крајот секогаш издишете неколку пати да го забавите протокот на крв.
Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.