Студените денови и острите ветрови се нешто кое најмногу придонесува за нездравиот изглед на нашата кожа, па неправилната нега во овој период е причина за сува, испукана и ни малку привлечна кожа. За да ја одржуваме кожата здрава во текот на студените периоди, потребно е во дневната рутина на нега да промениме неколку нешта.

Одбирање на идеално средство за смирување

Првото важно нешто е да одберете најнежно средство за миење лице, по можност некое со кремаста структура, кое во себе не содржи сапуни, кои дополнително ќе ја исушат кожата. Секако, тоа треба да биде во согласност со вашиот тип на кожа. Не заборавајте никако барем два пати неделно да направите пилинг на лицето и на тој начин да ги отстраните мртвите клетки, поради што кожата ќе може полесно да ви дише.

Одбегнувајте производи на база на алкохол

Мора да заборавите на производите кои во себе содржат алкохол. Тоа се однесува и на мејкапот, бидејќи за жал постојат многу подлоги кои во себе ја содржат токму оваа состојка. Пудрите кои би требало да се најдат во вашиот несесер оваа зима се оние кои содржат витамини А и Е и кои ќе ви ја хидрираат кожата и воедно ќе и дадат блескавост.

Правилна хидратација

Трета и најважна работа е хидратацијата. Но, не онаа која подразбира буквално капење во креми, туку онаа која подразбира правилен избор и нејзино правилно користење. Потрудете се крема никогаш да не заборавате, а посебно внимание обратете на тоа кремата да содржи СПФ, затоа што зимското сонце ,,со заби,, знае да нанесе многу последици на кожата. Сувата кожа во зима бара посебна хидратација, така што со користење помасни креми ќе го спречите нејзиното понатамошно исушување. Негата на масната кожа е нешто на што треба да се обрати посебно внимание. Ако имате чувствителна масна кожа, мијте ја со нежни средства без алкохол, а потоа определете се за крема или лосион кој ќе ја негува и кој воедно ќе ја смири кожата. Ако кожата ви е масна, но нечувствителна, пожелно е да се чисти со средства кои ќе го регулираат себумот, некоја крема која ќе помогне да се соберат порите на лицето.

Зимата е идеално време за кожата да ја почестите со добар коктел од витамински креми, кои ќе и го дадат сето она што и е неопходно.

Ноќна нега на кожата

Посебно внимание посветете на ноќната нега на кожата, бидејќи топлината во нашите куќи и станови може да ја исуши кожата исто како и климатските влијанија. Никако не смеете да си легнете без да нанесете крема на лицето.

Не заборавајте го балсамот за усни

Усните исто како и остатокот од лицето знаат да испукаат во зима. Ако не сакате да шетате со испукани, полукрвави и болни усни, обратете внимание на нивната заштита. Најдобро е при рака да имате медицинско лабело или гроздова маст, која по структура е малку повеќе масна и потешка на усните, но која секако дава најдобра нега. И, секако, тука е пилингот на усните, барем на секој трет ден. Ако немате класични готови пилинзи, може да подготвите домашен со крупен бел шеќер, кој ќе ја има истата улога како купечките пилинзи.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.