Освен што влијае во регулирањето на телесната тежина, лененото семе делува благопријатно врз нашето здравје и може да ни помогне да се ослободиме од бројни тегоби. Лененото семе како лек може да послужи доколку постојат проблеми со кардиоваскуларниот систем, затнување на крвните садови, губење на имунитетот, болни зглобови, депресија, суви нокти и кожа, губење на видот и уште многу други. Се работи за супер намирница, чија примена се повеќе се воведува во секојдневната исхрана во развиените држави во светот, бидејќи се попознати стануваат неговите лековити својства.

Ленено семе: калории и лековити својства

Најновите истражувања покажуваат дека внесувањето влакна од лен пред оброк може да доведе до намалување на апетитот, а со самото тоа се намалува и внесената количина на храна и непотребниот вишок на калории, што е особено значајно ако планирате да ослабнете. Една супена лажица мелено семе од лен содржи вкупно 37 калории, но во себе има 2 грама диетални влакна, кои секако ќе делуваат позитивно на губењето на вишокот килограми. Исто така, во организмот нема да се апсорбираат сите калории од правот од лененото семе. Дваесет и пет проценти од ленот се всушност протеини со комплетен профил на аминокиселини. Б витамините, калиумот, магнезиумот и цинкот кои лененото семе ги содржи се есенцијално за правилна диета и губење на тежината без нарушување на здравјето.

Лененото семе во бременоста не е препорачливо да се користи. Имено, може да дојде до несакани алергиски реакции кај мајката, па подобро е да се одбегнува неговата употреба во тој период. Ако имате проблем со запек, може да се консултирате со вашиот доктор за да ви препише најдобра и најбезбедна терапија.

Употребата на лененото семе со јогурт и кефир

Во оваа комбинација освен што е добро за слабеење, ленот е и многу вкусен.

Состојки:

  • Голема супена лажица мелено ленено семе

  • Половина филџан пробиотски јогурт

Ленот добро се меша со јогурт и се пие половина час пред оброк. Ова може да се повтори и половина часа пред легнување навечер. Ваквата диета се препорачува да трае дваесет и еден ден, па потоа треба да се направи пауза од една недела. Меленото ленено семе го забрзува метаболизмот и го подобрува ритамот на празнење на цревата.

Ленено семе и кефир се одлична комбинација

Кефирот е ферментиран напиток направен од млеко и зрна кои се всушност пијателски живи организми. Тој е комплетен извор на протеини, со многу есенцијални аминокиселини, минерали и скапоцени Б – витамини. Она што е добро во врска со кефирот е дека содржи неколку големи видови пријателски бактерии и корисни квасци. Овие пробиотски организми помагаат да се исчистат цревата, доведуваат до баланс на цревната микрофлора и ги уништуваат патогените како што е Ешерихија коли и други паразити во цревата. Тој може да се пие за пдобрување на системот на варење, за ублажување на воспалителни промени во цревата. Ако му се додаде ленено семе, се подобрува имунолошкиот систем.

Состојки:

  • Полна лажица мелено ленено семе

  • Третина чаша кефир

Оваа мешавина треба да се пие наутро, пред појдок, и навечер, пред легнување. На некои им е полесно да се навикнат на ова ако пијат кефир наутро, на пример, со појадокот. Препорачливо е во текот на денот да се внесува повеќе вода, околу осум чаши вода. Процесот треба да се повторува една недела, потоа се прави пауза од неколку дена, за да се одмори организмот, па пак се продолжува.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина