За потребите на едно истражување, научниците испитале 119 американски ветерани со повреди на мозокот и уште 30 ветерани без повреди на мозокот. Сите учесници во истражувањето биле во Виетнамската војна, пренесува Independent.

Истражувањето кое е објавено во списанието Neuropsychologia открило дека оштетувањата во делот на мозокот кој се нарекува префронтален кортекс е поврзано во повисоките нивоа на религиски фундаментализам. Пораните истражувања докажале дека овој дел од мозокот е многу значаен за критичко размислување и развојна идеите кај луѓето.

Ако е оштетен префронталниот кортекс, како што вели најновото истражување, кај луѓето се намалува когнитивната флексибилност. Тоа значи дека таквите луѓе ја губат можноста да ги променат своите погледи на светот и некои нешта, дури и кога ќе им се понудат докази дека нешто е поинакво од она што мислат дека е. Научниците велат дека поради таквиот начин на размислување пациентите покажуваат знаци на религиски фундаментализам.

Џордан Графам, еден од истражувачите, рекол дека верските убедувања кај луѓето се тесно поврзани со физичката структура на мозокот. На крајот од истражувањето било утврдено дека повредите на мозокот можат да ги направат луѓето да бидат порелигиозни, а на тоа дополнително можат да влијаат фактори како што се особоните на личностите и нивните општествени средини.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина