Научниците веќе долго време се обидуваат да дознаат  на кој начин може да се спречи ширењето на клетките на ракот и да се стимулира клетките на ракот да почнат да се уништуваат сами по себе. Се проценува дека околу 30 до 40% од случаите на рак се всушност резултат на една нездрава исхрана.

Повеќето луѓе знаат дека зеленчук како броколи, карфиол и зелка имаат антиканцерна активност, но не е толку добро познато дека поточарката има такво делување. Поточарката  ќе го зголеми нивото на антиоксиданси во  крвотокот. Таа е одличен извор на витамини А и Ц, додека телото го снабдува со витамин К.

Покрај тоа, поточарката содржи каротеноиди, нутритивни состојки кои го штитат здравјето на кардиоваскуларниот систем и видот. Антиоксидансите се познати да ја заштитат ДНК од оштетувањата што може да се случат  во присуство на клетките на ракот.

Научниците откриле дека поточарката може да го намали ризикот од рак на дебелото црево, рак на дојка и рак на простата. Постојат и докази дека поточарката може да го забави растот на одредени клетки на ракот.

Во едно истражување на научниците од Велика Британија, на кое присуствувале 60 мажи и жени, половината од нив биле  пушачи. Им бил  потребен  период од 8 недели, во кој  секој ден  јаделе од поточарката. После тоа, проучувани биле и  промените во ДНК на клетките, кои настанале.

На ДНК  клетките се појавило дури 17% помалку оштетувања. Нивото на антиоксиданси во крвта се зголемило за 33%, а кај пушачите овие промени биле најизразени.

Воведување на поточарката во секојдневната исхрана навистина не е тешко, бидејќи може да се јаде термички необработена како салата. Поточарката се јаде како и секој друг зелен зеленчук, но имајте на ум дека  со термичка  обработка на поточарката може да го намалите  нивото на лековити својства.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз