На сите им е јасно дека делтоидите на рамената претставуваат мускулна група директно одговорна за атрактивниот изглед на горниот дел од машкото тело, па доколку овие мускули се добро развиени секоја облека едноставно мора да стои одлично на таквото тело . Токму за развивање на овие мускули, најдобри и најпроверени вежби се секако потисокот над глава за рамо со тегови или шипка.

 

Сега се поставува прашањето, што е подобро, со шипка или тегови, дали да ја изберете првата или втората варијанта или и двете се подеднакво важни ?

 

Потисок со шипка

 

 

ramena_1

 

Вежба која спаѓа во редот на најатрактивните и е веднаш зад познатиот потисок на бенч клупата, чучњевите и веслањето. Со оваа вежба, оној кој тренира е во можност истовремено да влијае врз предната и средната глава на делтоидниот комплекс, а ако веќе вежба со шипка, тогаш во изведувањето на повторувањата учествуваат и трапезоидите, трицепсот и горниот дел од градите .

 

Главната предност на шипката во однос на теговите е можноста за поголемо оптоварување, но тоа, исто така, може да биде и главниот недостаток , бидејќи повредите почесто се добиени на овој начин во споредба со истата вежба , но изведена со тегови. Освен тоа, неугодната позиција и големиот притисок на завршетокот на’рбетот може да биде причина за јавувањето на хроничната болка во пределот на долниот дел од грбот.

 

 

Потисок со тегови

 

 

ramena_2

 

 

Почесто е да го видите изведувањето на оваа вежба отколку изведувањето на војничкиот потисок со шипка, а причината е за тоа е многу едноставна – затоа што клупата за изведување на потисокот со шипка е почесто зафатена, а изборот на тегови во секоја теретана е прилично голем.

 

Меѓутоа, освен едноставноста, потисокот со тегови има и неколку други предности. Со овој начин на вежбање, оптоварувањето е рамномерно распоредено и не постои можност на мамење, односно можност едната – посилната рака да и помогне на послабата, а благодарение на она што е неопходно да се балансира тегот, во вежбањето се вклучени и дополнителни мускулни влакна, па дури и задниот делтоид е понекогаш активен .

 

Поради ваквото распоредување на оптоварувањето на повеќе мускулни влакна, послободни се движењата и полесно се совладува тежината, а кога на сето ова ќе се додаде тоа дека теговите имаат помала тежина од онаа тежина распоредена на шипката, можноста за добивање на повреди е драстично помала. Сепак, за голема маса се потребни и големи тежини, но тоа може да биде и проблематично кај рамената , бидејќи од една страна стои ризикот од бавниот напредок , а доколку се претера со прекумерната тежина, од друга страна, постои голем ризик од повреди.

 

Да заклучиме, сите имаат аргументи за и аргументи против едната или другата верзија, и после прочитаниов текст луѓето ќе одлучат дека е за нив едно примарно , а други ќе изберат друго. Во секој случај, се работи за две феноменални вежби , па најдобро би било да се направи некој вид на компромис и да се комбинира изведувањето на едната и другата вежба за подобар напредок, а во исто време да се намали ризикот од повреди на рамената, кои обично спаѓаат во редот на најнезгодните.