Според научниците од Универзитетот во Шефилд и Харвард, постојат различни видови на дебелина. Кога спровеле анализа на дебели пациенти, тие откриле дека дебелината може да биде поделена во шест категории.

Истражувањето вклучува 4144 дебели возрасни личности. Секое лице, од кои 56% од нив биле жени, имало индекс на телесна маса поголема од 30 (просечен индекс на телесна маса е 34), а просечната возраст била 56 години.

По собирањето на податоци за начинот на живот на учесниците, нивната исхрана, нивото на физичка активност и претходниот  напор во губење на тежината, истражувачите биле во можност да го идентификуваат обликот на однесување и неговите карактеристики, и следствено на тоа дебелината ја класифицирале во шест категории:

1.Здрави млади жени кои се уште не  развиле здравствени компликации предизвикани од прекумерна телесна тежина, како што се дијабетес тип 2.

2.Дебели мажи кои прекумерно конзумираат алкохол (најмалку 12 алкохолни пијалаци неделно).

3.Незадоволни и вознемирени средовечни лица, особено жени кои страдаат од ментални нарушувања.

4.Здравите возрасни обично се во добра здравствена состојба, но поради прекумерното консумирање на алкохол, страдаат од високо ниво на крвниот притисок.

5.Физички болни, но среќни стари лица, со добро ментално здравје,кои страдаат од хронични болести, како што е артритисот.

6.Луѓето од понискиот социјално-економски статус, кои страдаат од голем број на хронични болести во однос на другите дебели лица.

Во нивното истражување, која беше објавено во весникот Journal of Public Health, истражувачите истакнуваат дека признавањето на дебелината е важен чекор во борбата против дебелината.

Со исклучок на прекумерна доза на алкохол, прејадување и недостаток на дневна физичка активност, факторите што ја  предизвикуваат дебелината драстично варирале меѓу групите, а идентификувањето на тие фактори, би можело да им помогне на докторите да развијат индивидуален пристап за лекување на дебелината на нивните пациенти.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.