Ако мора да бирате помеѓу чоколаден колач со сјајна глазура и сензуално тркалање под покривачот, што би одбрале вие? Во случај да не можете веднаш да дадете одговор на ова прашање, сетете се на старата народна поговорка дека ,,љубовта доаѓа преку желудникот,, и ќе сфатите дека не мора да очајувате, бидејќи со вас е се во ред. Имено, двете најсилни и најповрзани човекови желби се токму храната и сексот. Задоволството кое го чувствуваме додека јадеме вкусен оброк и задоволството кое го чувствуваме за време на секс се активирани од истите делови од мозокот кои се задолжени за процесирање на уживањето, па поради тоа храната често ги асоцира луѓето на секс.

Иако научниците се уште се немаат договорено околу афродизијакот, погледнете кои се намирници сигурно ќе ви дадат енергија, ќе ви го поттикнат либидото и ќе ви овозможат поинтензивни оргазми.

Поделете десерт со темна чоколада

Иако само сензуалното хранење може да биде доволно, чоколадата во себе крие тајно оружје за поквалитетен сексуален живот. Имено, истражувањето објавено во списанието Journal of the American Dietetic Association покажало дека темната чоколада содржи соединение фенилетиламин кој, како и сексот, го стимулира испуштањето на ендорфинот. Една друга студија, објавена во The Journal of Sexual Medicine, тврди дека волонтерите кои јаделе коцкички темна чоколада дневно имале поголема страст и подобар сексуален живот од оние кои не уживале во ова слатко задоволство.

Изедете банана

Овој совет нема врска со фалусниот изглед на бананата, иако некому тоа може да му се чини исклучително сензуално. Напротив, се работи за хранливите својства на бананата. Бананата го поттикнува лачењето на серотонин, хормонот на среќа, кој ни помага се опуштиме, што може да биде многу практично кога имаме состанок со некого. Бананата е полна и со калиум, кој им дава енергија на мускулите, а тоа е круцијално за полесно постигнување оргазам.

Уживајте во алкохолот

Чаша до две црвено вино го поттикнува излачувањето на естрогенот, додека силниот антиоксиданс ресвератрол ја засилува циркулацијата за време на сексот, што значи повеќе енергија и поинтензивни оргазми.

Појадок за шампиони


Кога се зборува за сензуална, еротична храна, сигурно никогаш нема да ви падне на памет зобена каша. Житарките од цело зрно го поттикнуваат лачењето на тестостеронот, па оваа намирница е идеална за јакнење на сексуалниот порив.

 

Сркнете кафе

Според истражувањето направено на Универзитетот Саутвестерн, кафеџиите имаат посилно либидо и почести сексуални односи од оние кои го одбегнуваат овој црн напиток. Кафето со шеќер го поттикнува лачењето на серотонин, кој ни дава кусо чувство на еуфорија.

Пијте сок од шипки

Кога научниците од американскиот УКЛА ги проучувале шипките, дошле до заклучок дека се преполни со антиоксидансот полифенол, кој ја јакне циркулацијата, што значи дека повеќе крв доаѓа до интимните делови на телото, што е клучно за квалитетен секс.

Не одбегнувајте црвено месо

Немасното, црвено месо е одличен извор на цинк, минерал кој го спречува лачењето на хормонот пролактин, за кој е познато дека во високи концентрации предизвикува сексуална дисфункција.

Порачајте или направете пица

Кашкавалот содржи магнезиум, кој е нужен за правилно работење на мускулите, посебно при енергичното стегање за време на оргазмот. Ако на пицата ставите печурки и брокула, ќе си обезбедите доволна количина витамин А за засилено лачење на хормонот прогестерон, кој помага за активација на сексуалниот нагон.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина