happy-relationship_1

Било да сте во врска, брак или некаде помеѓу, овие десет правила ќе ви помогнат да го земете она најдоброто од животот и љубовта.

Простувајте

Подготвеноста да си опростиме себеси и на нашиот партнер, како и да се промениме кога е потребно, значи дека е во тек процесот на средување на мислите. Сите ние правиме грешки, тоа е човечки. Доколку не сте подготвени да простите, запрашајте се со која црта од вашето его сте толку цврсто поврзани. Дали сакате да продолжите да живеете со нерешени прашања кои ви висат над глава?

Откако еднаш ќе заземеме одреден став и одбиваме да го прифатиме туѓото мислење, секогаш може да најдеме оправдувања кои го оправдуваат ваквиот став. Или едноставно можеме да се обидеме да најдеме мирно решение. Наместо да обвинувате или да ги ставате изговорите во прв план, подобро е да ги расчистите работите и да се движите напред. Откако тоа ќе го направиме, си даваме слобода да се извлечеме од “нерешливата” ситуација.

Кога ќе загусти, опуштете се

Опуштениот став кога времињата стануваат тешки, под претпоставка дека ” сето ова ќе помине”, ви овозможува стоечки да ги поднесете сите животни удари. Ако знаете дека одредени работи неизбежно ќе се појават како предизвик во вашиот живот, во моментот кога тоа ќе се случи, вие можете да бидете воздржани и истрајни. Проблемите може да станат уште полоши кога се напрегаме и се обидуваме на сила да дојдеме до решение.

Со опуштен став во моментот кога ќе се појави проблемот ќе останеме флексибилни и отворени за инспирација и целосен увид во ситуацијата.

Дури и доколку имате потешкотии да се релаксирате, можете барем да се набљудувате себеси во смисла на тоа како и зошто ги доживувате работите многу сериозно, што само по себе ви овозможува да се одвоите од чувството на анксиозност. Што и да се случува сега, тоа нема да се случува засекогаш, па така само продолжете понатаму, вдишете длабоко и видете дали можете да им пријдете на работите со малку помала сериозност.

 Фокусирајте се на лекцијата на вашата врска што не сте ја совладале

Доколку го анализирате вашиот однос, ќе добиете претстава за она што треба да го научите. Оваа претстава ќе ви помогне да се фокусирате на она што е навистина важно. Понекогаш се губиме во моделите на врска која се базира на секојдневие и така го губиме од вид она што не зближува и она што е навистина важно. Најдобар начин да увидиме на кои работи треба да поработиме е да набљудуваме кои сме и што правиме во врска со нашиот однос. Секој пат кога ќе го препознаете вашиот импулс за создавање растојание наместо интимност, треба да се прилагодите и да се обидете да се вратите на вистинскиот пат.

Оваа врска, баш како и сите останати, треба да биде дел од нашиот животен пат за развивање на нашиот највисок потенцијал. До тој развој доаѓаме кога комуницираме со нашиот партнер, и на тој начин стекнуваме и претстава за себе и откриваме различни работи.

Почитувајте ги животните избори на вашиот партнер

Да ги почитувате одлуките на вашиот партнер и да му дадете простор да го пронајде сопствениот пат испраќа јасна порака за почит. Луѓето треба да ги прават работите на свој начин и во свое време. Ако се обидете да помогнете онаму каде што од вас помош не се бара, испраќате сигнал за недостаток на доверба во вашиот партнер. Ако се повлечете и верувате дека вашиот партнер е силен и интелигентен, силата и интелигенцијата се и токму она што тој најверојатно ќе ги стекне и покаже.

Иако сите ние сме заедно на патот на себереализацијата и надоградувањето, секој од нас е единствен во лекцијата која треба да ја научи, и тоа го прави на уникатен и посебен начин.

 Продолжете да растете и да се развивате

Со инсистирање кон сопствен личен развој, го задржувате остар својот ум и будна својата свест. Читајте, учете и присуствувајте на предавања, немојте да мислите дека веќе се знаете. Во моментот кога ќе помислиме дека се во потполност сме сфатиле е всушност моментот кога сè околу нас ќе започне да се распаѓа.

Ароганцијата не остава простор за интимност или раст, а секако и не е дел од духовниот развој. Кога ќе се внесете во учење, секогаш ќе можете новостекнатите вештини и интереси да ги примените и на вашиот однос, а со тоа и вашата врска секогаш ќе биде здрава и свежа.

Бидете креативни

Кога ја следиме својата креативност, ја одржуваме поврзаноста со она што не движи и инспирира. Со поттикнувањето на нашата креативна страна, стануваме и помалку зависни од партнерот и добиваме чувство на исполнетост. Креативната енергија е сила која не носи на нов терен. За да ја ​​одржиме љубовта, мораме постојано да и додаваме гориво кое не инспирира на најдлабоко ниво.

Исто така, креативноста го балансира егото и интелектуалната страна на животот, таа не учи да играме и да се забавуваме. Кога ги вклучуваме нашите страсти, ние зрачиме со страствена енергија и на тој начин го одржуваме интересот на нашиот партнер за нас, како и нашето сопствено чувство на исполнетост.

 Бидете присутни – живејте сега

Да се биде присутен значи да се живее во сегашниот момент. Животот не постои во иднината и прогнозите за неа, ниту пак во минатото и обвинувањата, се што имаме е токму овде и токму сега. Во секој момент ние учиме нешто, но доколку забрзано се обидуваме да се промениме или да го контролираме животот, ќе ја испуштиме онаа доза на среќа која ни била наменета на нас.

Доколку и овозможиме на среќата да се развива без да се мешаме и да ја контролираме ситуацијата, ќе се движиме низ животот со многу повеќе леснотија и едноставност. Кога ќе престанеме да се спротивставуваме, било која негативна емоција или ситуација ќе го најде својот пат за решавање. И по истиот принцип, кога сме потполно будни и свесни, во секое време, ние сме отворени за суптилните чуда кои се случуваат насекаде околу нас. Живеењето во сегашниот момент ни овозможува да го видиме нашиот партнер баш каков што и е, јасно да го чуеме и разбереме и да му возвратиме на остроумен и суптилен начин.

Негувајте ја благодарноста

Бидете благодарни за она што го имате сега. Таму каде што сте го насочиле вашиот фокус е местото каде што треба да ги остварите вашите креативни намери, па така доколку сакате исполнет живот, бидете благодарни на пример за виталноста која ја имате сега. Ако сакате духовна врска, бидете благодарни за сите такви моменти. Благодарноста е како семето на една билка, расте, бидејќи се полева и храни. Покажете му на вашиот партнер што е она што го цените кај него и нека знае дека има позитивен ефект во вашиот живот.

Тагови: љубов