Интернетот овозможи порнографијата да биде супер достапна, повеќе одошто кога и да било порано. Над илјадници експлицитни слики и видеа се прикажуваат со само едно кликање со глушецот. Околу половина од денешните пубертетлии на возраст од 11 до 16 години гледаат на Интернет порнографски содржини, а повеќето од нив ги видела на возраст помала од 14 години, покажува најновата студија. Овие податоци се уште позагрижуваќки откако со истражувањето било откроено дека порно филмовите имаат разорен ефект врз сексуалното здравје на мажите. Имено, стручњаците откриле дека се почестото екцесивно гледање порнографија го зголемува ризикот од сексуална дисфункција кај мажите. Секако дека отсекогаш имало порнографски содржини, но ги имаше помалку и поумерено се консумираа. Денешната младина подолго се школува, има поголемо слободно време и многу лесно стануваат претерани уживатели на порнографијата, истакнуваат истражувачите. Според нивниот извештај, оние мажи кои редовно и често гледаат интернетска порнографија имаат поголеми шанси да станат незаинтересирани за секс со својата стварна партнерка, што доведува до непоправлива штета на нивната интима и конечно и на нивниот однос.
Како спротивно на тоа, истражувањето покажало дека ,,консумирањето порнографија,, има незначително влијание врз сексуалниот живот на жените. Истражувањето опфатило мажи и жени на возраст од 20 до 40 години, од кои сите биле пациенти на една уролошка клиника, која и го спровела истото.

Органските причини за еректилна дисфункција на оваа возраст се најниски, а сепак секојдневно се среќаваме со се поголем број млади мажи кои патта од тоа.

Илузорно е да се очекува дека порнографијата нема никаква врска со тоа истакнал водачот на студијата, доктор Метју Кристман.

 

Жените и порнографијата

Бројот на жени кои се служат со експлицитни сексуални содржини вртоглаво е пораснат во последниве неколку години и во тоа се речиси рамноправни со мажите – смета колумнистот на CNN, Ијан Кернер.

Тој во своето професионално работење забележал дека жените ја користат порнографијата првенствено за да се опуштат, да ја истражат својата сексуалност и да научат нешто ново за техниките. Во исто време, повеќето мажи се зачудени од откритието дека жените ја сакаат порнографијата, посебно од видот и содржината на порно филмовите што ги гледаат. Гледано од социолошки аспект, жените со десетлетија учеле дека консумирањето порнографија е “грев” и дека тие ги искористуваат жените и ги сведуваат на сексуални предмети. Иако дел од жените и денес мисли така, дел од нив сепак на неа гледа како на еден вид ,,еротско засолништеод секојдневието. Уште една причина поради која жените одбивале ваков вид содржини е нивната “машка концепција“, која се фокусира исклучиво на визуелна стимулација и исклучува интимност, предигра и еротични дијалози.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина