Често ве облева пот, без разлика на тоа кое годишно време е и колку е топло надвор. Можеби е време да го послушате телото и да сфатите што сака да ви порача со прекумерното потење.

1. Под стрес сте

По мирисот на потта лесно може да препознае дали сте под стрес. Кога ни е топло, се активираат екрилните жлезди, кои се наоѓаат низ телото и кои произведуваат пот, која воглавно се состои од вода и сол и која нема изразен мирис.
Кога сме под стрес, потта ја создаваат апокрините жлезди, кои се наоѓаат само на одредени делови од телото, како што се пазувите. Оваа пот се состои од маснотии и протеини, кои се мешаат со бактериите на нашата кожа и така создаваат непријатен мирис.

2. Ширите позитива или страв

Истражувањата покажале дека луѓето во вашата близина можат да препознаат што чувствувате според мирисот на вашата пот. Во еден експеримент 36 жени морале да помирисаат примероци со пот на 12 мажи кои пред тоа гледале филмови кои имале задача да ги преплашат или да ги направат среќни. Кога жените ја помирисале потта на исплашените мажи, мирисот им предизвикал слична реакција на страв и гадење. А кога ја помирисале потта на среќните мажи, овој мирис предизвикал кај нив блага реакција и смеење.

3. Ви се заканува опасност од топлотен удар

Се шетате во текот на врел летен ден и во еден момент чувствувате дека повеќе се потите и дека ви се врти во главата. Тоа што сте го доживеале се вика ахидроза, состојба во која не можете да се потите нормално и во која нашето тело не може да се ,,олади,, преку потење. Ако во тој миг не го хидрирате телото, ви се заканува опасност од топлотен удар. Тргнете се некаде во сенка или лесно климатизирана просторија и напијте се вода. Никако немојте да пиете алкохолни пијалоци или напитоци со кофеин, бидејќи тие предизвикуваат дехидрација.

4. Ви паднал шеќерот во крвта

Зголеменото потење е еден од симптомите за нагло паѓање на шеќерот во крвта. Овој проблем лесно може лесно да се реши со консумирање чоколада или било какво слатко кое ќе ви се најде при рака.

5. Бремени сте или влегувате во менопауза

Ако постои можност да сте бремени или пред менопауза, тогаш обратете внимание на потењето. Сите процеси во телото кои влијаат на ендокриниот систем можат да предизвикаат зголемено потење. Токму тоа се случува кај поголемиот број жени кои влегуваат во менопауза и кои се борат со валунзите. Слично нешто се случува и на почеток на бременоста. Тогаш хормонските промени предизвикуваат промени во ,,термостатот,, на мозокот, поради кој можете да чувствувате топлина дури и во многу силно климатизирани простории и засилено да се потите.

6. Имате хипердриоза

Ако не можете да ја пронајдете причината поради своето зголемено потење, појдете на доктор, бидејќи можно е да имате хипердриоза. Тоа е состојба на прекумерно и неконтролирано потење, кое ги преминува потребите на нормалната терморегулација на телото. Оние кои имаат хипердриоза се потат во мигови кога не би требало, на пример кога седат сосема мирно и во студена просторија. Нивното потење е толку многу прекумерно, што на мигови пот им се слева од дланките.

Тагови: потењетело
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина