Постојат уверливи докази дека телесната активност е поврзана со намален ризик од рак на дојката и дебелото црево, а неколку студии докажале и дека постои врска помеѓу телесната активност и намалениот ризик од рак на белите дробови и рак на слузницата на матката.

Познато е дека телесната активност помага да се држи под контрола телесната тежина, да се оддржува густината на коските и силината на мускулите, се намалува ризикот од развој на висок крвен притисок и шеќерна болест, ја подобрува психолошката ефикасност и го намалува ризикот од смрт од срцеви болести и од прерана смрт. Но, неодамнешните студии, финансирани од Американскиот државен институт за рак, но и истражувањата од други научни установи и центри, ја истражуваат улогата на телесните активности и ризикот од заболување од рак и квалитетот на живот кај болните од рак. Постојат убедливи докази дека телесната активност е поврзана со намалениот ризик од заболување од рак на дојката и дебелото црево, а неколку студии докажале и дека постои врска помеѓу телесната активност и намалениот ризик од рак на белите дробови и рак на слузницата на матката (ендометрија). Сепак, важно е да се има на ум дека телесната активност не е во еднаква мера корисна во спречувањето на сите облици на малигни заболувања.

Рак на дебелото црево

Влијанието на телесната активност при појавата на малигни болести најмногу се има истражувано кај ризикот од појава на рак на дебелото црево. Повеќе стотици студии најчесто потврдуваат дека оние со поголемо ниво на телесна активност, и тоа независно од нејзиниот интензитет, траење и зачестеност, можат да го намалат ризикот од развој на рак на дебелото црево за 30 40% во однос на оние кои живеат седечки живот.

Ризикот се намалува без разлика на индексот на телесната маса, а најмногу видливо е намалувањето на ризикот меѓу најактивните. Уште е тешко да се утврди интензитетот и траењето на вежбањето поради низа причини, но проценето е дека се потребни 30 60 минути умерена до високо интензивна физичка активност за да се постигне најголем ефект во спречување на болеста. Имено, телесната активност ја поттикнува работата на цревата, а со тоа можните канцерогени соединенија покусо се задржуваат во контакт со слузницата на цревата.

Рак на дојката

Во повеќе од 60% истражувања докажано е дека телесно активните жени имаат помал ризик од развој на рак на дојката од неактивните жени. За жал, опсегот од тоа е уште тешко да се утврди, бидејќи, зависно од истражувањето, намалувањето на ризикот се проценува во прилично широк распон т.е. некаде од 20%, па дури до 80%.

Телесната активност го намалува нивото на естроген од кој можат да зависат клетките на туморот, а влијае и врз намалување на нивото на лачење на инсулин и на сличен на него причинител за раст (ИГФ-И).

Рак на белите дробови

За разлика од прилично силниот докажан превентивен ефект кај ракот на дебелото црево и ракот на дојката, улогата на телесната активност во намалувањето на ризикот од заболување од рак на белите дробови нее толку изразена. Сепак, дваесеттина истражувања упатуваат на тоа дека телесната активност може да го намали ризикот од добивање рак на белите дробови, а најактивните поединци можат да достигнат до околу 20% намалување на ризикот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина