Состојки:
  • 1/2 филџан интегрално брашно
  • 1/2 филџан мелен сиров лешник
  • 1 филџан овесни снегулки (поситни или смелени во блендер)
  • 1 филџан рогач
  • 1/2 кесичка прашок за пециво
  • прстофат ситна нерафинирана морска сол
  • веган чоколаден крем

 

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 степени. Измешајте ги брашното, лешниците, снегулките, рогачот, прашокот за печиво и солта. Додадете еден филџан млака филтрирана или изворска вода. Замесете тесто и месете неколку минути. Тестото треба да биде меко, но да не биде многу лепливо. Оставете го да отстои 20 – 30 минути. Потоа поделете го тестото на половина, па уште еднаш на половина уште два пати, така што да добиете 8 делови. Обликувајте топчиња и сплескајте ги со дланките во ,,погачици,,. Вака подготвените колачиња наредете ги во плех на кој претходно сте ставиле хартија за печење и печете ги околу 20 30 минути. Потоа извадете ги колачињата и кога ќе се оладат малку ставете ги во некој сад за да се потпарат и да им омекне кората. Исечете го секое колаче на половина и во средина ставете по една лажичка врел чоколаден крем и потоа поклопете го со другиот дел и притиснете внимателно, така што филот да дојде до самиот раб на колачето.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина