Рузмаринот може да биде тајна на долговечноста и здравјето, тврдат научниците, кои ги изненадило тоа што во италијанското село Ачијазоли, во покраината Салерно, пронашле дури 300 негови жители постари од 100 години, што е многу повеќе од вообичаениот просек на животниот век. И, не само што ги изненадила нивната долговечност, туку ги изненадил и фактот што меѓу нив бил забележан многу мал уддел на заболени од Алцхајмерова болест и други облици на деменција. Истражувањата за нивните животни навики покажале дека најверојатно тие можат да се поврзат со здравата медитеранска исхрана, која е вообичаена во тој регион и движењето, бидејќи селото е сместено на високо, луѓето секојдневно пешачат до продавниците. Но, научниците сметаат дека на тоа влијаела и секојдневната употреба на рузмарин при подготовката на јадењата.

Уште старите Грци и Римјани плетеле гранчиња рузмарин во венци кои ги носеле на главата, верувајќи дека тоа може да влијае позитивно на меморијата, а тоа го докажале и бројните истражувања.
Rузмаринот има позитивен ефект врз подобрувањето на меморијата, па е одлична поддршка за нервниот и кардиоваскуларниот систем. Се покажало дека долгорочното секојдневно консумирање на рузмаринот ја намалува појавата на тромбоза. Исто така, тој ги ублажува болките во мускулите, го стимулира растот на косата, а во Европа рузмаринот се користи и при пречки со варењето, посебно кај диспепсијата, бидејќи ги неутрализира причините на болеста, која се пренесува преку храната (Listeria monocytogenes, B. cereus i S. Aureus).
Рузмаринот е и силен антиоксиданс. Има позитивен ефект и кај карциномот на дојка и на цревата. Во комбинација со куркуминот има уште посилно дејство.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина