Кога следниот пат ќе решите да изедете банана, никако немојте да ја фрлите кората во ѓубре. Имено, иако таа долго време се сметаше за отпад, всушност е вистинско богатство благодарение на високиот уддел на нутритиенти, влакна, витамини Ц и Б, калиум и магнезиум. Поради тоа нејзината примена е широка – од здравствени до естетски проблеми, а трикови со кора од банана се пракрикуваат ширум светот. Ова се само некои од нив.

 

1. Ублажува изгореници и делува како аналгетик

 

Кората од банана се користи традиционално како помош за зараснување на рани, посебно рани од изгореници. Се што треба да се направи е да се трие болното или изгорено место со внатрешната страна од кората.

 

2. Олеснува псоријаза

Зачестената кожна болест карактеристична е по периодите на подобрување и влошување, а се карактеризира со црвенило и лупење на кожата. Иако бананата не делува како лек, состојките од нејзината кора делуваат благопријатно и ги намалуваат симптомите.

 

3. Остранува брадавици

На упорните брадавици кои се јавуваат на кожата треба да им се стават парченца кора од банана, да се фиксираат со завој и да се остават преку ноќ. Постапката се повторува додека брадавицата не падне сама.

 

4. Избелува заби

Она што е најдоброто при оваа постапка е тоа што внатрешноста на кората не го оштетува сјајот на забите, а дава резултати. Се што треба да се направи е еднаш во денот да ги триете забите по 5 минути со кора од банана во период од 20 дена, а резултатите нема да изостанат.

 

5. Помага при слабеење

Витаминот Б е одличен извор на антиоксиданси, кои го поттикнуваат метаболизмот, и поради тоа може да биде корисен при слабеење. За тоа придонесува и фактот што кората од банана во себе не содржи дополнителни калории и е одличен извор на влакна, па со тоа овозможува подолго време да се чувствувате сити. Покрај тоа, калиумот во кората го поттикнува метаболизмот.

6. Ја намалува појавата на акни и видливоста на брчките

Бидејќи кората на бананата е богата со антиоксиданси, таа одлично делува на намалување на штетите настани од слободните радикали, кои се последица од стареењето. Поради тоа кората треба секојдневно да се втрива на проблематичните делови, како и на оние каде се појавуваат брчки, а ќе делува смирувачки и хидрирачки.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина