Алергија е прекумерна реакција на одбранбениот систем на организмот на разни причинители од околината, кои ги нарекуваме антигени или алергени. Кога некој алерген ќе дојде во допир со телото, организмот се брани со производство на заштитни антитела на имуноглобулинот E (ИгЕ).

Кај некои поединци одбранбениот систем реагира пребурно на антигенските стимули од околината, па антителата во борба со антигените создаваат алергиско воспаление. Ваквата пребурна одбранбена реакција со воспаление го разорува ткивото, наместо да го брани организмот.

Алергиите најчесто се јавуваат на возраст помеѓу 25 и 34 години. Им се закануваат на мажите и на помала вораст, околу 15 година од животот, додека жените се подеднакво изложени во сите животни периоди. Докажано е дека алергиите почесто се јавуваат во семејства кои имаат позитивна анамнеза на алергиски болести, но не се наследува точно одредена алергија. Ако и двата родители се алергични, веројатноста и детето да биде алергично е 75%. Тоа дете дури и повеќе ќе биде и поподложно на алергии ако е мајката алергична.

Поленската кивавица обично започнува во март месец и може да потрае до октомври, а ја следат симптоми како затнат нос и течење на носот, солзење на очите, кивање и т.н. Иако не може во целост да се излекува, добро одбраната терапија може да ги држи под контрола нејзините симптоми. Виновници за нејзината појава се загадувањето и глобалното затоплување, се поголемата чувствителност на човекот на околината, претераната хигиена која го ,,слабее,, одбранбениот систем. Сето ова го набројуваат стручњаците толкувајќи го непријатниот факт дека бројот на оние кои ги мачат алергии се повеќе се зголемува во светот. Во оние кои предничат се сезонските алергии на полен, кои започнуваат со пролетта и кои траат до есен. Со оглед на тоа што повеќето симптоми можат да се припишат и на обична настинка и други вирози, многумина стоички ја поднесуваат чекајќи да поминат невољите или посегнуваат по витамини, капки и чај. Затоа алерголозите препорачуваат кај кашлица која трае повеќе од една недела задолжително да се јавите на доктор. Освен тоа, обичната настинка се одликува и со зголемената телесна температура, додека кај поленската кивавица неа ја нема. Да се појде на доктор е најважно кога дишењето е отежнато. Ако покрај него има и напади на гушење, тогаш тоа може да биде почеток на алергиска астма.

 

Како да се ублажат алергиите?

 

  1. Со одржување на чист воздух во просториите. Држете ги прозорците затворени, посебно навечер, со цел да се намали влегувањето на поленот од надвор. Ако имате клима, исчистете ја или сменете и го филтерот.
  2. Перете ги прекривките и ќебињата, и тоа почесто. Купете од оние кои можат да се перат, а одбегнувајте да ги тресете поради прашината која ја прават. Можете да користите и хипоалергенични.
  3. Ограничете го престојот на домашните миленици на една до две простории во станот и не ги пуштајте во спалната соба.

  4. Перете ја постелнината минимум еднаш неделно во врела вода. Истуширајте се и измијте ја косата пред спиење, бидејќи поленот се таложи и на косата и на кожата.
  5. Одбегнувајте долг престој надвор во време на поленот на кој сте алергични.
  6. За одење во природа одберете дождлив ден, кога концентрацијата на полен во воздухот е најмала.
  7. За време на најголемата концентрација на полен, што е најчесто рано наутро за време на толи и ветровити денови, останете дома.

 

Лекување на алергии

 

Алергиските болести не се излечливи, но денес можат одлично да се контролираат со лекови и така да се спречат алергиски компликации. По поставување на дијагнозата, доктор ја одредува терапијата, во зависност од тоа која алергија е предизвикувач и од јачината на симптомите.

  • хипосензибилизација терапевтски метод ој се спроведува со инјекции кои му се дават поткожно на пациентот, а кои содржат одредени количини алергени кои предизвикуваат проблеми. Најважно е со неа да се започне на време, веќе во есен, со цел да се развие имунитет.
  • антихистаминици го спречуваат делувањето на хистамините и го ублажуваат чешањето, кивањето и течењето на носот.
  • кортикостероиди ја спречуваат алергиската реакција и го ублажуваат воспалението.
  • хромоними ги отстрануваат симптомите на алергијата, делуваат и на самото воспаление и спречуваат да дојде до дишни проблеми.
  • деконгестанти го намалуваат затнувањето и отекувањето на слузницата на носот, го олеснуваат течењето на исцедокот и непријатноста во делот кај синусите.
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина