Ако храната ви изобилува со шеќери и рафинирани јагленохидрати кои во телото брзо се претвораат во шеќери, кожата непрекинато ќе се бори за да остане млада. Проблемот е во тоа што шеќерите предизвикуваат процес на гликолизација: молекулите на шеќерот се врзуваат за еластичните протеински влакна, при што формираат крута структура и со тоа ја намалуваат ефикасноста на еластинот и колагенот и го забрзуваат нивното пропаѓање. Поради тоа кожата е опуштена и тенка (посебно под очите), а брчките и линиите се видливи, и тоа воглавно на челото затоа што, според традиционалната кинеска медицина, тој дел на лицето е поврзан со дигестијата.

 

Премногу шеќер може да делува и на дистрибуцијата на маснотиите, па лицата на љубителите на слаткото може да изгледаат испиено, затоа што поткожното ткиво ја губи маснотијата која му ја дава полноста. Освен овие типични симптоми, тенот може да биде исто така блед или сивкасто – жолтеникав, бидејќи шеќерот го подига нивото на инсулинот, кој може да предизвика претерано лачење на кортизолот. Со оглед на тоа што овој хормон на стресот му наредува на организмот да ја пренасочи енергијата во исполнување на други задачи, крвните артерии под кожата на лицето се стегаат и кожата станува бледа. Наглото зголемување на инсулинот може дополнително да ја оптовари надбубрежната жлезда која, меѓу другото, го контролира растот на веѓите, па тенките и ретки веѓи можат да предупредат на постоење проблеми со оваа жлeзда.

 

Дури и ако малку го намалите консумирањето на слатки, ќе забележите големи промени на тенот. За најдобри резултати, престанете да јадете слатки, рафинирани јагленохидрати и преработена храна.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина