zdravje_2

 

Навистина не е потребно да поминат недели или месеци за да ви се исплатат здравите навики. Применете го нашиот план и регенерирајте се себеси за само еден ден.

УТРО

7: 00 часот- Разбудете се со вежби

Ако сакате да го почнете денот на вистински начин, станете рано и вежбајте! Студиите покажуваат дека утринската гимнастика за 30 % го подобрува расположението. За да имате време за вежбање, секој трети ден станете 15 минути порано. По поминувањето на втората недела, ќе имате еден час повеќе дневно. Искористете го за умерена физичка активност и почнете го денот свежи.

8:00 часот – Контролирајте ја големината на појадокот

Измерете го вообичаеното количество житарки што го јадете секој ден. Ако ја надминете онаа што ја препорачуваат нутриционистите, јадете помали порции за да ја намалите тежината.

9:00 часот- Глумете дека сте среќни !

Малкумина уживаат да одат на работа, но полесно ќе ви биде ако се смеете. Затоа смејте се помислувајќи на нешто смешно.

10:00 часот- Пијте вода со кафето

Усвојте ја корисната навика на медитеранските народи- задолжително испијте чаша вода со секое кафе. Тоа ќе ја спречи хидратацијата.

11:00 часот- Немојте да гладувате

Гладот не тера да посегнуваме по кбрза и калорична храна. Но, истражувањата покажаа дека здравиот појадок и здравите ужиннки се услов да внесете 30 % помалку масти за време на ручекот.

12:00 часот Истегнете ги нозете

Одморете ги нозете од седење и шетајте 10 минути, по можност вклучувајќи качување и симнување по скали. Правете го тоа еднаш дневно и ќе ослабете.

13:00 часот – Имајте здрав ручек

Победете ја типичната попладневна летаргија со квалитетен ручек. Ако јадете на работа, тоа нека биде интегрален сендвич, кој содржи сусам, со пилешко или мисиркино месо со чаша јогурт од немасно млеко. Потоа изедете банана или неколку суви кајсии. Сите овие продукти ја содржат аминокиселината триптофан, која го покачува серотонинот.

14:00 часот- Активно паузирајте

Опуштете ги рачните зглобови- испружете ги рацете пред телото, а потоа кренете ги над главата, дланките истегнете ги како да сакате да го допрете таванот. Рацете спуштете ги кон подлогата и со дланките кружете во насока на стрелките на часовникот. Вежбата повторете ја во спротивната насока.

15:00 часот- ослободете се од стрес

Ако работата ве исцрпува, направете ја стомачната мантра. Седнете и дланките поставете ги на долниот дел од стомакот. Вдишете длабоко и додека издишувате гласно извикајте „ аххх″. Замислете дека со овој извик го исфрлувате стресот.

16:00 часот- Спречете го гладот

Кога храната е вкусна, тогаш помалку се јаде. Значи, неколку коцкички пармезан, неколку полнети маслинки или коцкичка – две црно чоколадо ќе ја задоволат вашата потреба за храна и ќе го спречат гладот.

17:00 часот – Медитирајте на пат накај дома

Најдобро е од работа да се враќате пеш, бидејќи прошетката го прочистува мозокот од сите дневни стресови. Обидете се да направите четири чекори додека вдишувате и четири додека издишувате. Кога ќе се навикнете на тоа, обидете се да го задржите здивот додека броите до два, а потоа издишувајте додека броите до четири. Ако низ главата ви се мотаат негативни мисли, концентрирајте се на чекорите.

18:00 часот – Воспоставете рамнотежа

Правилната исхрана значи консумирање помали количества храна од сите категории. Овошјето и зеленчукот треба да сочинуваат третина од оброкот, компирот или житарките втора третина, а месото, рибата и млечните производи трета третина. На крај засладете се со мал десерт.

19:00 часот- Измасирајте си ја главата

Со масажа на главата се поттикнува циркулацијата. Поставете ги врвовите на прстите на челото, малите во центарот, а палците на слепоочниците. Прстите треба да се цврсти, а зглобовите свиткани. Во таква положба правете мали кружни движења по кожата (со нежно притискање). Продолжете и вратот да го масирате со истите движења.

20:00 часот- Дозволен е само еден пијалок

Ако сакате малку вино или пиво по вечерата, задржете се на една чаша. Умереното консумирање алкохол пружа заштита од срцеви заболувања, мозочен удар и од дијабетис, но поголеми количества го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

21:00 часот – Практикувајте ја ТВ јога позата

Додека гледате ТВ, седнете на перница со свиткани нозе, така што стапалата да ви се пoставени – едната перница пред другата. Ставете уште перници под колената за да не ја допираат подлогата. Положбата во која колената се пониско од колковите му годи на грбот.

22:00 часот- Почнете ритуал пред спиење

Правењето на утврден ритуал го успива телото и мозокот. Значи задолжително исклучете го телевизорот и компјутерот и почнете да се опуштате. Истуширајте се со топла вода, испијте какао или чај, а потоа читајте во кревет пред да го исклучите светлото.

23:00 часот- Враќање на страста

Заморот и стресот можат да предизвикаат сексуална апатија, Ароматерапевтските капки можат многу да помогнат. Ароматерапевтите предлагаат четири капки растворени во вода од еден од овие два вида препарати – маслинката е идеална ако сте презафатени, а дабот ако имате толку обврски, па обично заспивате облечени пред ТВ.

ПОЛНОЌ

24 : 00 часот – Заборавете на проблемите

Се уште не заспавте? Покрај креветот имајте бележник и запишете го она што ве загрижува, а потоа заборавете на се. Едноставно притиснете замислен штекер во главата и тоа е тоа.