seks_naslovna
Гледајте досадни ТВ емисии

Една неодамнешна студија покажала дека луѓето кои имаат телевизор во спалната соба имаат два пати повеќе сексуални односи отколку оние кои во спалната соба немаат ТВ приемник. Секако, во еден дел за ваквата статистика е одговорно и гледањето на филмови за возрасни, бидејжи речиси 37 проценти од луѓето признаваат дека во гледаат порнографски содржини во пар. Меѓутоа, 29 проценти се пристапуваат кон секс со партнерот по досадна ТВ емисија.

Барајте покачување на платата

Mагазинот за мажи International Journal of Manpower објавил студија која опфаќала 6317 испитаници од Грција. Тие одговарале на прашања поврзани со тоа колку често имаат секс неделно и која е висината на нивните примања. Се покажало дека лицата кои заработуваат 5 отсто повеќе од другите имаат секс четири или повеќе пат неделно, за разлика од останатите испитаници. Научниците сметаат дека лицата кои не морат да се грижат за финансиски проблеми, имаат повеќе време за опуштање.

Планирање на забавно излегување

Избегнувајте мирни излегувања во кино или ресторан и со партнерот испланирајте некој забавен состанок кој ќе ви го забрза отчукувањето на срцето и ќе ви го покачи адреналинот. Истражувањето објавено во Archives of Sexual Behavior покажува дека активностите како сурфање и планинарење го поттикнуваат вашиот нервен систем и крвотокот, на сличен начин како кога сте сексуално возбудени. Тоа значи дека после ваквата забава ќе имате поголема желба за секс.

sex_2

Свртетете се кон посебните мириси

Една британска студија покажува дека жените на мажите најмногу го сакаат мирисот на бензин, фарба, мастило и кожа повеќе од било која колонска вода. Од друга страна пак, жените на мажите им се најпривлечни кога мирисаат на лосион за бебе или печење.

Јадете авокадо

Само еден плод може да го збогати вашиот сексуален живот. Имено, авокадото има својства на афродизијак, па можете да го додадете во салата за да ја „зачините″ вечерта пред вас.

Носете црвено

Мажите сметаат дека жените во црвени фустани се поатрактивни и посексипилни од другите, покажа едно неодамнешно истражување.

Пијте црно вино

Црното вино го подобрува либидото, покажа истражувањето објавено во Журнал на сексуалната медицина. Тоа особено се однесува на жените.

Читање

Наместо гледање на еротски филмови, отворете книга. Др. Сузан Келог, прочуен сексолог од САД, предлага библиотерапија која поттикнува сексуално однесување  преку читање. Таа вели дека според некои истражувања, мечтаењето за водењето љубов го зголемува нивото на хемикалии задолжени за желбата за секс. Затоа библиотерапијата може да биде исклучително корисна за лицата со ниско либидо.

Потење

Можеби звучи неубаво, но вистинито- жените ги возбудува мирисот на машката пот. Всушност, тој мирис го подигнува нивото на хормонот на стрес, кортизол, што потоа се одразува на желбата за секс, покажала една студика објавена во Журналот за неврологија.

Гледање на фотографии од партнерот

Изгледа едноставно, а е многу ефикасно, велат научниците. Студијата покажала дека набљудувањето на фотографии од вашиот партнеер / партнерка го поттикнува мозокот да произведува допамин и да го зголемува либидото.