Кога ќе влезете во средно доба, нормално е да не можете да се сетите на она што сте сакале да кажете. Но, за среќа, постојат техники кои ќе ви помогнат да го кажете она ,,што ви е на врв на јазикот”. Нив ги открива доктор Гери Смол, кој смета дека нашите сеќавања ,,живејат во четвртина од мозокот,,. На пример, ако не можете да се сетите на името на некој автор, обидете се да мислите на други негови книги, бидејќи “соседната” меморија може да ја поттикне онаа другата која ја барате.

 

Листа на намирници

 

Создатете ментална слика, којашто ги поврзува сите заедно. На пример, ако ви требаат јајца, тестенини и брокула, визуелизирајте како скршено јајце паѓа врз тестенини замотани околу брокула.

 

Дневни планови

 

За да ја зголемите сопствената меморија, секое утро направете преглед на денот во исто време и на исто место, на пример, додека го пиете кафето. Бидете колку што е можно подетални: потребен ли ви е тој ден некој важен документ, облека за во теретана и слично. Тие нешта подгответе ги за да ви бидат при рака. За неколку дена ова ќе ви стане навика.

 

Помнење имиња

 

– Мозокот кој старее е помалку способен да се сконцентрира во збунувачко опкружување – вели доктор Смол. – Затоа обидете се со техниката на фокусирање и сместување на нештата во рамки. Кога се запознавате со некого, фокусирајте се и создадете ментални слики кои се помнат, како на пример Иван кој пие кафе или Катарина со мачка на главата. Повеќето луѓе со проблеми со помнењето тешко помнат имиња. Но, ако ги направите смислени, можете да ги запомните – смета тој.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина