Од полиците во супермаркетите не привлекува изобиство од храна. Но, според мислењето на странските и домашните нутриционисти, некои намирници мора да се одбегнуваат, ако сакате да живеете подолго и поздраво, бидејќи тие содржат токсини кои се штетни врз организмот. Речиси да не постои индустриски произведена намирница која не содржи во себе некоја супстанција со ознаката Е, односно некој емулгатор, стабилизатор, конзерванс, засладувач, вештачки бои, засилувачи на вкусот или некои други адитиви. Сите овие додатоци ја носат ознаката Е, што значи дека одредената супстанција ,,официјално,, ја минала процедурата на проверка на здравствената исправност.

Паштета

За подготовка на паштета се користи најевтиното и со најлоши можни квалитети месо. Но, тоа и не би било толкав проблем ако тоа би било само месо, бидејќи во паштетите ставаат и кожи, коски и рскавици. Половина од паштетата е составена од вода. А покрај сето тоа, тука се мрснотиите, скробот и разните зачини и емулгатори, како и останати хемикалии, додека месо во одделни видови има само околу 30%. Во секоја паштета се ставаат големи количини сол, која кога ќе дојде во цревата е уште поштетна од конзервансите ставени во неа. Меѓутоа, поради сето ова не морате да се откажете засекогаш од омилениот премаз. Подгответе ја дома, па тогаш ќе знаете што се внесувате во себе.

Маргарин

О, да. Уште еден омилен премаз. Маргаринот се прави од растителни масла, кои од сончогледот се извлекуваат со помош на хемикалии. Високата температура во процесот на преработка на маслото ги уништува сите витамини и антиоксиданси кои ги содржи тој и доведува до создавање на слободни радикали, кои можат да доведат до големи оштетувања на клетките и да го зголемат ризикот за добивање рак. Маслата се тие кои уште на почетокот не се здрави. А додавањето дополнителни хемикалии го доведува маргаринот до цврстата и препознатлива состојба, која е многу штетна. Затоа, наместо маргарин, мачкајте путер.

 

otrov

 

Кашкавал во листови

Овој кашкавал не се добива од чисто сирење, туку од она што ќе остане во процесот на производство на кашкавалите. Во него има само 50% кашкавал, а другите состојки се вода, мрснотии, емулгатори и вештачки бои, со цел производот да има што подобар вкус. Во овој кашкавал има двојно повеќе сол отколку во обичниот. А мрснотии? Нив ги има повеќе отколку во кој било друг млечен производ.

Пуканки

На листата на особено штетни намирници се најдоа и пуканките. Но, не оние добро познатите и испечени на шпорет, туку пуканките од микробранова печка. Во овие се наоѓаат хемикалии за кои е докажано дека го зголемуваат ризикот за добивање рак, влијаат на плодноста и ја попречуваат работата на бубрезите. Пуканките од микробранова печка се преполни со вештачки вкусови и трансмасни киселини, хемикалии од кои настануваат главоболки и мачнини. Препорака од нутриционистите до љубителите на пуканки е да ги подготвуваат овие грицки на традиционален начин.

Виршли

Нокти, кожа, црева, жили, рскавици и месо со најлош квалитет се мелат до непрепознатливост. Потоа им се додава соја, скроб, зачини, вода, еден куп сол, конзерванси, но и бои кои ги има во руменилата за усни и екстракт од пиперка. Кога ќе се измеша сето тоа, се добиваат добро познатите виршли, кои поради сите овие состојки и нивното влијание врз организмот треба во целост да се исфрлат од исхраната. Како алтернатива за нив се нудат домашните колбаси.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина