Лицето не сака ветер и ниски температури, бидејќи тие ја сушат кожата и создаваат непријатно црвенило и брчки, правејќи ја постара. За да го ублажите нивното влиание, важна е негата, и тоа најдобро со негресивни препарати. Одвреме-навреме нахранете ја кожата со витамини и минерали, кои можете да ги исцрпите од природните маски.

Две лажици густ јогурт измешајте со една лажица мед, лажичка лимонов сок и прстофат куркума, која отсекогаш се користела за убавина на кожата.

Добро измешајте ги сите состојки додека не добиете компактна смеса, која ќе ја нанесете на чисто лице и ќе ја оставите да отстои десеттина минути. Потоа измијте се со млака вода и нанесете хранлива крема. Акцентот во овој препарат е на јогуртот, бидејќи пред се е богат со витамин А, кој важен за спречување на стареењето на кожата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина