Од дамнина се познати поволностите на домашните и дивите шипки.

 

Шипката, или плодот на дивата роза, се препишува како дополнително средство во текот на лекување и закрепнување, а ја јакне и отпорноста на инфекции, како настинки и грип. Шипката содржи и материи кои имаат својства на стегање, што ги олеснува проблемите со пролив, посебно кога е предизвикан како последица од треска. Пектините и органските киселини од шипката имаат диуретски својства, а органските киселини го поттикнуваат лачењето на соковите за варење, па така го ублажуваат гастритисот.

 

Поновите истражувања покажале дека шипката може да помогне во ублажување на болки и да ја зголеми подвижноста назглобовите зафатени од артритис. Чајот од шипки се користи и кај воспалителни процеси на бубрезите, посебно за спречување на нови заболувања. Оние луѓе кај кои доаѓа лесно до насобирање песок и каменчиња во бубрезите или во мокрачниот меур треба подолго да пијат чај од шипки.

 

Семето во народната медицина се користи кај каменчиња во бубрезите, болести на бубрезите и мочниот меур и кај реума. Мармаладот од шишка во зимо е добар како дополнителен извор на витамин Ц. Најмногу овој витамин го има во зрелата шипка, кога се уште не е омекната и не почнала да ја губи светлоцрвената боја.

 

Шипката покрај тоа е богат извор на каротин и витамин П. Во него има уште витамини Б1, Б2, Е и К. А, во семчињата има многу витамин Е и ванилин.

 

Чајот од шипка со додаток на мед, лимон и цимет се претвора во одличен напиток кој може да се служи топол и ладен.

 

Сепак, внимавајте доколку имате низок притисок или проблеми со засирување на крвта.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина