Многумина од нас се соочуват со овој проблем, кој може да биде многу опасен по здравјето. Еве што треба да се прави за да не дојде до тоа.

Правилната и редовна хигиена на забите е нешто на кое сите треба да водат сметка, и нешто на кое не учат од мали нозе. Ако не се оддржува, може да доведе до разни компликации, а една од нив е воспалението на непцата или гингивитис, кој може да доведе до хронично воспаление кое доведува до испаѓање на забите. Дали ви се случува и вам да ви крварат непцата додека ги миете забите и ,,плукате крв,,? Непцата не смејат да крварат, па време е да закажете термин за посета на стоматологот.

Крварењето на непцата многу често се случува кај возрасните. Дури 90% од нив се борат со оваа сосотјба. Се работи за гингивитис, најчестото воспаление на усната шуплина, после кариесот. Воспалението на забното месо е предизвикано од плакот или каменот на забите, кој содржи бактерии. Ако не се лекува и не се оддржува хигина на усната шуплина, гингивитисот може да се разие во хронично воспаление кое доведува до паѓање на забите.

Кога непцата ќе се разболат од гингивитис, тие силно поцрвенуваат, стануваат меки и сјајни, отекуваат и лесно крварат на најмало надразнување, како на пример миењето со четкичката за заби. Посебно на ова заболување се чувствителни бремените жени и дијабетичарите, додека поретко се појавува кај децата.

Она што може сами да направите е веднаш да ги зголемите хигиенските навики на усната шуплина. Двапати неделно вадете го плакот (наслојките) на забите со дентален конец, а за да бидете сигурни дека се во целост отстранети, можете да џвакате таблети за откривање на наслагите на забите.

За да се спречи понатамошното напредување на воспалението и за да не дојде до губење на забите, појдете кај својот стоматолог, кој ќе го одреди степенот на воспалението и кој ќе пристапи кон негово лекување за да не дојде до ширење на болеста.

Лекување со лековити тревки

Ако имате лесен облик на гингивитис, лековитите тревки може да ви помогнат да ги уништите бактериите.

Камилицата (лат. Matricaria recutita), односно чајот од камилица е одличен избор за жуборкање на усната шуплина, бидејќи содржи неколку антивоспалителни и антисептички состоји. Направете силен чај од камилица и пијте го после оброците.

Исфрлете го шеќерот од исхраната и користете сладок корен (лат. Glicirrhiza glabra).

Ехинацејата во прирачникот за лекување со растенија на калифорнискиот ботаничар и тревар Кристофер Хобс е препорачана за лекување на гингивитис. Ова растение делува против батериите и го јакне имунолошкиот систем. Додадете една до две капки тинктура од ехинацеја во чаевите за лекување гингивитис или во водата за жабуркање на усната шуплина. Ако почувствувате пецкање или привремено здрвување на јазикот, не грижете се. Тоа е безопасна појава.

Градинарски невен (лат. Calendula officinalis) со своето делување против бактериите, вирусите и јакнењето на имунолошкиот систем, може да помогне во лекувањето на гингивитисот. Но, бидете внимателни доколку сте алергични на поленот од ова растение.

Ментол или Нане (лат. Mentha piperita) е одлично средство во борбата против бактериите кои предизикуваат расипување на забите. Пијте чај од нане или со него жабуркајте ја усната шуплина.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина