Повеќегодишниот плевел штавел (лат. Rumex obtusifolis) претставува скапоцено лековито растение. Препознатливо е по многу долгите и големи лисотви, кои се наоѓаат на дното од растението. Цветови со зеленикава и црвеникаво-кафеава боја го красат се до септември, наредени во класје на стебленцето, кое може да израсне и до еден метар во височина. Тие имаат специфичен мирис и горчлив вкус. Плевелот или штавелот (попознат и како коњски штавел) успева на влажни места, како што се влажни ливади, стрништа и шуми, а најчесто може да се најде на места каде растат коприви. За потребите за лекување се берат зелени листовите, додека сјајните кафеави плодови непосредно пред самото созревање. Набраните плодови потоа се сушат под сенка. Зрелото семе лесно се разнесува со ветрот и веќе следната пролет никнат на некое друго место.

Плодот од плевелот се користи во вид на чај против дијареја, додека листовите се ефикасни за анемии, бидејќи се богати со витамините А и Ц, а од минералите имаат многу железо и фосфор. Поради завидната количина на танини и оксална киселина, чајот од лисотвите се користи за подобро варење и против хемороиди.

Коренот, пак, од плевел делува како лаксатив, додека семето има спротивно дејство и може да доведе до запек. Во традиционалната медицина ова растение се користи во терапијата на разни кожни болести.

Со оглед на тоа што содржи оксална киселина којаможе да го поттикне создавањето на каменчиња во бубрезите, се препорачува само умерена употреба на плевелот. Од иста причина, оние кои веќе имаат каменчиња во бубрезите, не смеат да го користат ова растение.

Ако се внесе во големи количини, плевелот може да доведе до слабост на организмот, повраќање, па дури и смрт.

Плевелот може да послужи и за бојадисување на ткаенини. Познавачите на традивионалното боење од коренот на ова растение можат да добијат жолта, темно зелена и кафеава нијанса, но и сива, а при тоа да не користат никакви фиксатори.

Ефикасни чаеви од плевел

За варење – Чајот од плевел за регулирање на варењето, против хемороиди и тешки дијареи се подготвува така што една супена лажица плевел се вари во 200 мл. Вода само 2 минути. Потоа чајот се поклопува и се остава да отстои 10 минути. По ова време се процедува и се пие два пати дневно, по еден филџан, пред јадење.

Против анемии – Во случај на слабокрвност чајот се подготвува така што една супена лажица плевел се попарува со 250 мл. врела вода и се остава да отстои 10 минути. Се процедува и се пие два до три пати дневно, по еден филџан.

Тоник против вагинитис

Воспалението на слузницата на вагината или вагинитис, може да биде многу непријатна состојба, поради која многу жени одат на гинеколог. Народните доктори нудат ефикасен тоник добиен од комбинација од по 30 гр. корен од плевел и гинсенг како и канадски златен корен. Во оваа мешавина се додава и 60 гр. ехинацеја. Мешавината се вари кратко во врела вода како чај, десеттина минути, потоа се процедува и се пие два пати во текот на денот. Поради присуството на ехинацејата, треба да се внимава чајот да не се пие подолго од четири дена. Со овој чај може да се врши и измивање на вагиналниот канал со иригатор, наутро и навечер.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина