Плантарниот фасцитис или петен трн е име на болеста која го зафаќа длниот дел од петната коска. Настанува како последица од оштетување на плантарната фасција и доведува до делумно или целосно пукање на нејзините сврзни нишки. Најчесто предизвикува остра болка во петата, која се јавува при првите чекори наутро.

 

Плантарата фасција е широк лигамент кој се наоѓа на долниот дел од стапалото. Се простира од петната коска, па се до прстите. До оштетување може да дојде од разни причини, како што се претерано трчање, несоодветни обувки или долготрајно стоење. Кога стапалото премногу се напрегнува и истегнува, може да дојде до мали напукнувања на сврзните нишки, а тоа доведува до воспаление и болка односно до петен трн. За тоа може да придонесат разни фактори.

 

Оваа болест најчесто ги напаѓа оние кои премногу трчаат или одат, но во опасност се и предебелите луѓе. Од неа почесто заболуваат жените. Ризикот се зголемува во следниве случаи: носење обувки со неадекватна потпирка за стапалото, често носење високи потпетици, долгочасовно стоење на нозе, имање рамни табани и со староста, бидејќи најчесто оваа болест се јавува на возраст од 40 до 60 години.

 

Симптоми на плантарниот фасцитис

 

Најчести симптоми на оваа болест се остра болка во средниот или предниот дел од петната косака. Болката најмногу се чувствува одвнатре, па со првите чекори лесно може да се почувствува и во текот на денот. Болката може да се почувствува и за време на станување по долг период на седење или по вежбање.

 

Оваа болест ги отежнува одењето и трчањето или одењето босоноги по тврди површини. Понекогаш создава чувство како стапалото да е топло и отечено.

 

Игнорирањето на плантарниот фасцитис може да доведе до хронична болка во петата, која го отежнува изведувањето на секојдневните активности. Менувањето на начинот на одење поради болката може да доведе до дополнителни проблеми со стапалата, колковите, колената и рбетот.

 

Болеста најчесто се дијагностицира со физички преглед и увид во историјата на болеста. Обично не се потребни дополнителни прегледи. Рентгенска снимка или магнетна резонанца се прави со цел да се елиминирата други можни причини за болката, како што се тумори или фрактури.

 

Постојат разлилни начини на лекување, кои помагаат кај оваа болест, а најчесто се препорачува мирување. Некои од конвенционалните начини на лекување се следниве:

 

  • Лекови – лековите како што е ибупрофенот можат да помогнат во намалување на болката и воспалението кои се поврзуваат со плантарната фасција.
  • Инјекции – инјекции со стероиди во делот каде има болка можат да придонесат за нејзино намалување. Најчесто се зема една инјекција, која ја намалува болката за околу еден месец.
  • Физикална терапија – ако лековите, мразот и одморањето не помагаат, докторот може да препорача физикална терапија. Физикалниот терапевт изведува разни вежби за истегнување на стапалото и се обидува да ги зајакне мускулите и да ги стабилизира петата и глуждот.
  • Shockwave терапија – при изведувањето на оваа терапија, звучните бранови се насочуваат кон болното место, со цел да се поттикне циркулацијата, а со тоа и излекувањето. Обично се изведува при хроничен плантарен фасцитис, кога другите методи не помагаат. Оваа терапија може да предизвика модринки, оток, болка и трнење.
  • Операција – во ретки случаи (кога ништо друго не функционира, а болката е преголема) се препорачува операција. При операцијата плантарниот фасцитис се одделува од петната коска. Нус-појава може да биде ослабнување на петата.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина