Диетите отвораат над десеттина вакви прашања, но често наидуваме на погрешни одговори. Пред да одлучите повторно да го затегнете ременот, запознајте се со најчестите заблуди поврзани со држење диети.

  1.  Не јадете после 20.00 часот навечер

 Заблуда: Се што ќе изедете во текот на денот лесно ќе го согорите, додека храната која ќе ја изедете по 20.00 часот создава сало.

Вистина: Калориите не гледаат на часовник! Нашиот организам на ист начин ги вари и ги троши калориите и наутро и на пладне и навечер. Секако дека ќе се задржи подолго ако           по јадењето прилегнеме пред телевизорот и не се движиме, но секако ќе се потроши следниот ден.

Совет: Ако често јадете слатки и грицки, треба да ги намалите порциите. Доколку сте гладни, обидете се да консумирате полесна храна – овошје, зеленчук или житарки со млеко.

  1. Помали и почести порции го подобруваат метаболизмот

    Заблуда: Ако јадете помали порции повеќе пати во текот на денот, тоа ќе ви го зајакне метаболизмот и ќе согорите повеќе калории.

    Вистина: Внесувањето на храна има незначителен ефект врз метаболизмот. Некои видови намирници, како што се оние кои содржат кофеин, можат малку и моментално да го забрзаат метаболизмот, но ефектот е толку мал, што нема да помогне да го загубите вишокот килограми. Она кое најмногу влијае на базалниот метаболизам, односно брзината со која нашето тело ги согорува калориите во мирување, е структурата и големината на организмот. Повеќе мускули ќе согорат и повеќе калории.

    Совет: Изградете мускули. 500 грама немасно ткиво согорува околу 14 калории дневно, додека истата количина сало согорува две до три калории.

  1. Тестенините дебелеат

    Заблуда: Кога консумирате храна богата со јагленохидрати, организмот го претвора во шеќери, а крајниот резултат е создавање сало.

    Вистина: Јагленохидратите не дебелат. Дополнителните калории дебелеат, било да ги консумираме во облик на јагленохидрати, масти или протеини. Освен тоа, јагленохидратите се застапени во здравите намирници, како што се зеленчукот, овошјето и житарките од цело зрно, кои се важни состојки на сите здрави диети. Накусо – не не дебелеат тестенините, туку количината внесени тестенини.

    Совет: Умереното консумирање тестенини е сосема во ред. Околу половина килограм тестенини се препорачуваат за четворочлено семејство за еден оброк. Ова можеби звучи малку радикално, но почнете да размислувате за тестенините како за една од состојките за исхрана, а не како главно јадење.

 

  1. Кафето помага за губење на килограмите

    Заблуда: Кофеинот кој се наоѓа во кафето го потиснува чувството на глад и го забрзува метаболизмот.

    Вистина: Кафето може привремено да предизвика чувство на ситост, но неколку филџани дневно нема да ви помогнат да го загубите вишокот килограми. Освен тоа, ако дневно пиете до седум филџани кафе, ќе се чувствувате уморно, ќе имате несоница и зголемен крвен притисок.

    Совет: Обидете се да се ограничите на два филџани кафе или чај дневно. Немојте да заборавите – доколку ставите шеќер во кафето, млеко или шлаг, ќе ги внесете во организмот калориите кои се наоѓаат во нив.

  1. Млекото може да ви помогне да го загубите вишокот килограми

    Заблуда: Калциумот помага за разградување на мастите, што го стимулира брзото губење на килограмите.

    Стварност: Млечните производи немаат никакви волшебни особини. Неколку истражувања покажале дека ако повеќе консумираме млечни производи, ќе внесеме и други намирници со повеќе калории.

    Совет: Слободно продолжете со консумирањето млечни производи, но обидете се да консумиате верзии кои содржат помалку масти, бидејќи во нив има и помалку калории и нездрави заситени масти. Калциумот не го има само во млекото. Тој е застапен и во портокалите, млекото од соја, спанаќот, блитвата и во некои видови риба, како што е на пример лососот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина