Пивото е одличен напиток кој ги надоместува водата и електролитите, не само во лето, туку и во зимските месеци. Истражувањата покажале дека покрај водата, пивото претставува намирница на избор при брзо закрепнување на организмот по физички напор, тврди италијанската биохемичарка и стручњак за исхрана, доктор Донатела Фарини.

 

Таа препорачува да се пие пиво во умерени количини по рекреативен спорт, прошетка или трчање, бидејќи тогаш сите ниепосегнуваме по одредена течност. Пивото како и водата, може на организмот да му ги надомести загубените минерали и одделни витамини, кои се важни за регенерирање и освежување на организмот.

 

Потврдено е дека пивото треба да се пие поради тоа што одлично ја гаси жедта, а го поттикнува и лачењето на соковите за варење и ја подобрува дигестијата. Тоа е и добар диуретик, бидејќи делува поволно на лачењето на течностите од организмот.

 

Најважна состојка во пивото, со дури 92% застапеност, е токму водата. Во останатите количини се наоѓаат белковините и јагленохидратите, како и разни минерали, лементи во траги и аноргански материи. А токму овие состојки создаваат чувство на освежување по секоја испиена кригла.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина