Состојки:

За тесто:

  • 500 гр. брашно
  • 1 лажичка сол
  • 4 лажици масло
  • 350 мл. вода

    За фил:

  • 1 кг. блитва
  • 1 китка магдонос

  • млад лук

    За посипување:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 3 чешниња лук
  • 50 гр. крупно сецкани бадеми
Подготовка

Од брашното, солта, маслото и водата замесете мазно тесто. Поделете го на два дела и оставете го покриено да отстои 15 минути. Измиената блитва добро исцедете ја, исечете ја тенко и ставете и зачинал. Оставете ја така да отстои околу 10 минути, а потоа пак исцедете ја. Додајте и го маслото, младиот лук исечен на кругчиња, магдоносот и се добро измешајте.

На набрашнета површина развлечете половина количина од тестото и ставете го во тава за печење (големина 24×40 см).

Распределете го рамномерно филот врз тестото и прекријте го со другата поовина од исукано тесто. Рабовите добро стиснете ги, а по површината избодете го тестото со вилушка и печете го во загреана рерна на 180°C, 35 – 40 минути.

Печената пита премачкајте ја со маслиново масло и наросете ја со сецкано лукче и бадеми.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина