pileska-salata-so-preliv-od-sirenje

Пилешката салата брзо се подготовува. Зеленчукот брзо ќе ве засити, а пилешкото месо ќе ви ги обезбеди потребните протеини за изградба на мускулна маса. Ова е високопротеинска салата со минимална содржина на јаглехидрати и речиси и да не содржи масти.

Потребни состојки:

  • 200 g пилешки гради
  • 10 g путер
  • Зачини: сол, бибер, ѓумбир

За дресингот:

  • 200 g нискомаслено сирење
  • 150 g нискомаслен јогурт
  • 50 g кисели краставички
  • Сол, црн пипер, лук, магдонос

Начин на подготовка:

Пиклешкото месо исечете го на ленти, зачинете го и оставете го да се пече во загреана тава во која претходно сте истопиле малку путер.

Во посебен сад добро измешајте го нискомасленото сирење со јогуртот. Додадете ги ситно исечканите кисели краставички и зачинете по желба. Можете да додадете и исечкан лук и магдонос , како и малку сол и црн пипер.

Од зеленчук, препорачливо е секогаш да изберете сезонски зеленчук. Препорачуваме свежи краставички, морков, пиперки, домат и пченка. Доколку сте на строга диета без јаглехидрати немојте да користите морков и пченка.

Зеленчукот ситно исечкајте го, помешајте со пилешкото месо и додадете го дресингот, па сето тоа добро промешајте го.

Хранливи вредности (за пилешко месо со дресинг ):

Енергетска вредност: 459 kcal

Протеини: 77 g

Масти: 8 g

Јаглехидрати: 16 g

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.