Pileska-salata-so-dresing-1000-ostrovi_

Илјада острови е малку сладок, но многу популарен дресинг. Подгответе го дома без додавање на шеќер и прилагодете го според вашите желби.

Потребни состојки:

  • 200 g пилешки гради
  • 10 g путер
  • Зачини: сол, бибер, ѓумбир

За дресингот:

  • 10 g кисела павлака (12% масленост)
  • 10 g посен мајонез
  • 10 g сенф
  • 10 g кечап
  • 50 g кисели краставички

Начин на подготовка:

Пилешкото месо исечете го во ленти, зачинете го и ставете да се пече во загреана тава во која сте растопиле малку путер.

Во одделен сад добро промешајте ги сите состојки за преливот. Зеленчукот исто така нека биде сезонски. Доколку се работи за оброк после тренинг, слободно додадете и малку сварени тестенини. Зеленчукот ситно исечкајте го, измешајте го пилешкото и додадете го преливот, па потоа сето тоа добро промешајте го.

Хранливи вредности (за пилешкото месо со дресингот):

Енергетска вредност: 293 kcal

Протеини: 47 g

Масти: 7 g

Јаглени хидрати: 5g