Кога клетките на хранопроводникот се изложени на многу врели пијалоци, настануваат ошттеувања, ткивото е поттикнато на обновување, почнува размножувањето на клетките, па потоа се менува опкружувањето и воспалителната состојба на клетките. Ако тоа се случи на клетки кои имаат некакви мутации кои им овозможуваат брзо да растат, може да настане тумор.

Оние кои пијат врели пијалоци можат да го зголемат ризикот за настанок на рак на хранопроводникот, тврди најновото истражување на Светската здравствена организација. Поточно, пијалоците со температура поголема од 65 степени целзиусови можат да доведат до рак на хранопроводникот или езофагусот, се вели во натписот објавен во “The Lancet Oncology”, на кој се повикува СЗО. Врелите пијалоци или напитоци обично се послужуваат на темпертаури од 60 до 71 степени целзиусовиКафето, чајот и другите врели пијалоци можат да ги изгорат клетките кои го обложуваат хранопроводникот и да ги оштетат. Врската помеѓу врелите пијалоци и карциномот е слична на онаа помеѓу пиењето алкохолот и карциномот на хранопроводникот, кој еосми најчст карцином во светот. Алкохолот на ист начин ги оштетува и ги ,,гори,, клетките во грлото.

Стручњаците сметаат дека информациите поврзани со ова се се уште нецелосни. Претпоставка е дека термалната повреда на хранопроводникот може да допринесе за настанок на карцином, но дали е тоа доволно или влијаат и други канцерогени агенси, се уште не е јасно. Истражувањата се спроведени над глувци кои пиеле многу врели пијалоци, но кои воедно биле изложени и на хемикалиите кои ги има во тутунот и кои потврдено го зголемуваат ризикот за настанок на тумор. Засега некои студии само укажуваат на ограничени докази дека врелите пијалоци се поврзани со ракот на хранопроводникот. Во секојдневното опкружување сме постојано изложени на канцерогени супстанции кои можат да допринесат за оштетување на ДНК. Некојпат овие оштетувања не одат подалеку, освен ако клетките не се стимулирани да се делат и множат и ако не се појават други промени во клеточното опкружување.

Сепак, за да се потврди претпоставката за термалната повреда на хранопроводникот доведува до рак, потребно е да се направат уште многу истражувања. Доктор Брант Опелшлегер, хирург за хранопроводници од Универзитетот во Вашингтон, сугерира дека повторувањето на штетата е клучно за појава на карцином, а луѓето имаат навика, на пример, секое утро да пијат врело кафе, кое може да ги оштети клетките кои го обложуваат хранопроводникот. Тоа се клетки кои се слични со клетките на кожата. Тешките изгореници некогаш можат од лузните да предизвикаат настанок на карцином на кожата, па можно е слично да се случува и со хранопроводникот. Ако сакате да го спасите хранопроводникот, почекајте малку да се оладат пијалоците или префрлете се на ладната варијанта на омилениот пијалок.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина