Шест до осум чаши вода дневно можат да ни ја подобрат концентрацијата, да ни го подигнат нивото на енергија, да спречат главоболки и да помогнат во детоксификација на организмот. Поради тоа повеќето од нас носат со себе шишенце вода. Уште од основно училиште имаме научено дека 70% од нашето тело е вода. Таа вода треба да се обновува на секои пет до десет дена. Покрај кислородот, водата е еден од најважните елементи на Земјата за одржување на животот. За се што прави телото, потребна му е вода. Таа гради, регулира, чисти и помага во хранењето на секој дел од телото одделно. Сепак, некои стручњаци ги доведуваат под знак прашање бенефитите кои водата ги има врз нашиот организам. Тие тврдат дека внесувањето на поголема количина од два литри дневно вода е повеќе од она што му е потребно на телото. Некои дури тврдат и дека опсесијата со вода може да предизвика сериозни здравствени проблеми! Професорот Марк Вајтли, васкуларен хирург, е еден од оние кои се загрижени од преголемото консумирање на вода. Тој тврди дека по долго време на внесување големи количини вода нашиот мозок се навикнува на тоа и секој ден го очекува истото. Колку вода е премногу? Професор Вајтли, кој е стручњак за хиперхидроза, вели дека претераното внесување на вода е поврзано со проблемите со потење.

Своите пациенти прво ги прашувам колку пијат. Бидејќи многу се потат, обично ми кажуваат дека многу пијат вода за да го надоместат нејзиното губење од организмот. Кога ќе им кажам дека големото внесување на вода само ја влошува ситуацијата, секогаш се изненадени. Ако пиете повеќе вода одошто ви е потребно, телото преку потта ќе се обиде да го исфрли тој вишок објаснува професор Вајтли.

Тој тврди и дека големи количини вода пред спиење можат да го нарушат сонот.

Кога спиеме, нашиот мозок испушта ADH, односно антидиуретски хормон, со цел да ја забави функцијата на бубрезите и да спречи да уринираме почесто навечер. Ако испиете две чаши вода пред спиење, таа дополнителна течност ќе го намали делувањето на овој хормон врз бубрезите, па ќе морате да станувате навечер за да одите во тоалетот.

Негова препорака е најмалку два часа пред спиење или, уште подобро, три часа пред спиење да одбегнувате да пиете течности.

Можно ли е да се умре од труење со вода?

Жаклин Хадсон во 2008 година нагло испила четири литри вода и за само неколку часа починала како последица од труење со вода. Стручњаците објаснуваат дека е можно да се случи нешто вакво. Ако за кратко време внесее голема количина вода во организмот, бубрезите не можат да исфрлат толку голема количина за толку брзо време.

Водата ни е потребна за да можат бубрезите нормално да функционираат и за да не дехидрираме, но не е единствената течност која треба да ја внесуваме. Количината на внесена вода зависи и од градбата на телото, опкружувањето во кое живее човекот и климатските услови. Колку сте покрупни и поактивни, толку повеќе ви се потребни течности. Иако алкохолот треба да се одбегнува поради дехидратацијата што ја прави врз организмот, исто како и соковите со големи количини шеќер во себе, треба да се пијат и други течности. Едно истражување спроведено во Шведска покажало дека просечно треба да пиеме 2,5 литри вода, со тоа што 500 мл. од нив треба да потекнуваат од овошјето и зеленчукот кои ги внесуваме во текот на денот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина