voda_1

Сите знаме дека без водата нема живот. Водата пренесува хранливи состојки, прочистува, разградува, заситува и го намалува чувството на глад. Го помага создавањето на новите крвни и мускулни клетки и го помага одржувањето на тежината и слабеењето. Водата има особено благотворно дејство и за кожата – ја чисти, ја масира, ја зацврстува и тонифицира, ја опушта и ја подобрува динамиката на обнова на клетките. Кожата, како најголем орган во нашето тело често е изложена на надворешни влијанија од секаков вид, па затоа и е потребна постојана нега која подразбира и постојана хидратација.

Општо е позната препораката за консумирање на осум чаши вода дневно, но се заборава на фактот дека тоа е секогш индивидуално, односно, најдобро е да се испијат онолку чаши вода колку што се добива кога својата тежина во килограми ќе ја поделите со осум. Односно, за лице со тежина од 64 килограми се доволни осум чаши дневно, а за телесна тежина од 80 килограми, на пример, потребни се десет чаши вода. Но, тоа не значи дека водата може да се замени со чај, сокови или други течности, кои обично содржат и шеќер, туку најпрепорачливо е да се користи обична чиста вода.

Во летниот период е особено важно да се внесува доволно вода во организмот, па дури и кога не сте жедни. Таа спречува да се прават резерви на течности во организмот. Кога се чувствувате подуено, обично не ви паѓа на ум да се напиете вода, но токму тоа е најдобрата терапија.

voda_2

Ајурведски начин

Најстариот сеопфатен систем за заштитата на здравјето што доаѓа од Индија, ајурведата, меѓу другото дава и неопходни насоки за начинот на кој треба да се пие водата. Исто како што постојат правила на хранење, постојат и начини на пиење вода кои имаат повеќе благотворни ефекти врз телото.Затоа следете ги следниве насоки ако сакате поволно да ги исползувате придобивките од пиењето вода.

1.Пред се, седнете и напијте се вода, исто како кога седнувате да ручате

2.Напијте се за една голтка, не испивајте ја наеднаш целата чаша. Мала голтка, готвење, дишење. Повторете.

3.Потпивнувајте си вода во текот на целиот ден. Ако проголтате повеќе вода одеднаш, вашето тело всушност не ја впива таа течност. Поголемиот дел само ќе помине низ вас.

4.Температурата на водата треба да биде најмалку еднаква на онаа во собата. Топлото е секогаш подобро. Студена и замрзната вода буквално го гасне вашиот оган што ја вари храната.

5.По оброците, напијте се само мала голтка вода. Ако пиете премногу додека јадете, стомакот нема да има доволно простор за процесите на варење. Стомакот исполнете го 50 отсто со храна, 25 отсто со вода и оставете го 25 отсто празен.

6.И усните се показател дали телото е доволно хидрирано. Ако се суви, вашето тело е дехидрирано.

7.Урината е уште една добра проверка за тоа дали вашето тело е доволно хидрирано. Би требало да биде прилично бистра и со боја на слама. Доколку е темно жолта, пијте повеќе вода.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.