Состојки:
  • 3 лажици путер
  • 180 гр. печурки
  • 240 гр. брокула
  • 1 лажица брашно
  • 200 мл. млеко
  • 2 чешниња лук
  • 1/4 лажичка сол
  • 125 гр. моцарела
  • 75 гр. пармезан
  • 1 тесто за пица

 

Подготовка:

Во тава растопете 1.5 лажици путер и додадете ги печурките ситно исецкани. Пржете ги 5-10 минути со постојано мешање, а потоа додадете ги брокулата и 80 мл. вода. Поклопете ја тавата и варете ја брокулата 3-4 минути додека не омекне. Во меѓувреме, во посебен сад растопете ги преостанатите 1.5 лажици путер. Додајте го брашното и варете 2 минути со постојано мешање. Откако брашното ќе добие златна боја, додадете ги млекото, лукот и солта. Варете 3-4 минути додека не згусне смесата и не почне да врие. Тргнете ја од огнот, па додадете ги моцарелата и 2 лажици пармезан. На тестото за пица намачкајте го подготвениот сос и брокулата и другите состојки. Одозгора ставете ги моцарелата и пармезанот. Печете ја пицата околу 20 минути на 200 °C.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина