Пита од лимон,пилешко месо во сос од лимон , или лимонада ? Ова последново најверојатно најмногу  ќе ви помогне да го зајакнете вашиот имоунолошки систем,од голема помош е и  против хроничните заболувања  и уморот. Домашно подготвена лимонада е нешто што ни е познато уште од детството, лесно се подготвува и најчесто го конзумиравме кога бевме настинати и во текот на зимата. Многумина велат дека ова е најздравиот напиток, заради тоа што содржи витамин Ц, но и други состојки како што се биофлавоноид, пектин, фолна киселина, витамин А,Б6,Б1,калциум,фосфор и магнезиум. Ако не сакате да пиете    лимонада ,поради приказните дека таа му штети на забниот  глеѓ, послушајте го овој совет. Откако ќе ја испиете лимонадата , исплакнете ја устата со вода, почекајте 30 минути, а потоа измијте ги забите со паста за заби.

limunada_naslovna

Во продолжение се пет здравствени проблеми кои можете да ги решите со домашно подготвената лимонада!

1.Камења во бубрезите –Се појавуваат кога урината содржи премногу соли и не содржи доволно потребни суптанции како што е цитрат. Сокот од лимон содржи лимонска киселина, околу осум проценти, и затоа е добар за филтрација на бубрезите, при што се препорачува да се испие половина чаша исцеден сок од лимон разреден со седум чаши вода.Можете да го засладите и со вештачки засладувачи и да го конзумирате секој ден.Меѓутоа треба и да го намалите внесот на сол во организмот, а да зголемите внесувањето на риба и на вода.

2.Артритис-Киселината која се наоѓа во повеќето ткива ,како  и во зглобовите се кристализира во натриум урат, во 95% од случаевите , што предизвикува артритис. За да се минимизира болка, вкочанетостаи воспалението, сокот од лимон може да биде од голема корист.Исцедете сок од половина лимон во една чаша вода и испијте го пред оброк. Пијте незасладена лимонада пред секој ваш оброк, како и пред спиење.

3. Дијареа-Таа може да биде предизвикана од многу фактори, како недоволно внесување течности во организмот или преголемо внесување на млечни производи. За да ја излечите дијареата, една лажица сок од лимон промешајте ја во чаша топла вода. Потоа додадете една лажица мед, и пијте го ова неколку пати во текот на денот.

4.Чувствителен желудник-Изедовте навистина голем оброк и знаете дека тоа му штети на вашиот желудник.Доколку ве мачат киселини и подуеност,треба да земете нешто што ќе ви помогне во процесот на варењето на храната, а таква киселина содржи лимоновиот сок. Измешајте сок од половина лимон и половина лажичка сода бикарбона во чаша вода и испијте го вакиот раствот. Навистина делува, пробајте!

5.Болки во грлото-Лимонската киселина и витаминот Ц му даваат на лимонот антибактериско својство, што помага во ублажувањето на воспалението.Сокот од лимон исто така и го зајакнува имунитетот. Следниот пат кога ќе ве гребе грлото, потрудете се да ја ублажите болката да ги исфрлите бактериите со помош на лимонот.Исцедете сок од лимон во една чаша. Наполнете ја со топла вода и убаво промешајте.Конзумирајте ја течноста неколку пати дневно.