Подобра меморија се постигнува со добар тренинг ! Различните истражувања покажале дека она што досега било познато како краткорочна меморија е всушност долготрајна работна меморија, која со едноставни и забавни вежби може да се унапреди. Зошто да не ги искористите максималните можности на меморијата?

На сите нас ни се случило да се запрашаме каде ни се клучевите или да не фати паника тоа што не можеме да го пронајдеме мобилниот телефон, и да се запрашаме што не е во ред со нас, бидејќи забораваме каде сме ставиле некој предмет, иако тоа се случило само неколку минути порано.

Научниците утврдиле дека проблемот со меморијата е нешто на  што може да се работи и нешто што може да се подобри. Авторот на книгата “Новиот IQ” Дејвид Гравер смета дека во вакви ситуации не се работи за краткорочната меморија, како што се верува, туку за долгорочна “работна” меморија која може да се унапреди.

1. “Чкрткајте” на лист хартија -Доколку морате долго време да седите на досаден состанок или предавање, без оглед на тоа колку е важно да го слушате говорникот, слабата работна меморија на поединецот може да се “исклучи”. За да го избегнете ова, можете да чкрткате додека слушате, само отворете го тефтерот и чкртајте или запишувајте зборчиња што ќе ви прелетаат од она што го слушате. На тој начин ја одржувате работната меморија, а подоцна кога ќе ги видите зборчињата ќе се сетите и на она што било.

2.Читајте- Читањето е секогаш корисно за меморијата. Постојано и во секое време кога можете, читајте. Така ја одржувате концентрацијата, внимавате на содржината и ги поврзувате работите..Читањето е корисна вежба бидејќи ќе мора да ја ангажирате меморијата за да се сетите што било напишано на претходните страници и поглавја, а, можете да очекувате информација која ќе ја прочитате и на следните страници. Зголемете ги уште повеќе придобивките од оваа вежба, така што постојано ќе се предизвикувате сами себе со нови книги, автори и стилови.

3. Гответе без да ги читате рецептите -Прочитајте го рецептот, па потоа затворете ја книгата со рецепти и обидете се да го подготвите оброкот без повторно да го прочитате рецептот. Овој начин на готвење ќе ве поттикне да ги запаметите сите состојки и чекори, и е една од најдобрите вежби за унапредување на работната меморија.

4. Помирисајте рузмарин– Рузмаринот во многу истражувања се покажал како одличен за подобрување на работната меморија, бидејќи го стимулира ослободувањето на ацетилхолин, кој игра клучна улога во одржување на вниманието.Затоа соберете го рузмаринот од градината или помирисајте шише со масло од рузмарин.

5. Користете Фејсбук– Истражувањата покажаа дека, доколку се користи во умерени количини, Фејсбук може да ја подобри работната меморија на човекот. Научниците, всушност, веруваат дека мораме да ја активираме работната меморија кога читаме туѓи статуси, да ја избришеме претходната и да запомниме нова информација за некој корисник на оваа социјална мрежа кој е на нашата листа на пријатели . Преку Фејсбук дознавате многу работи одеднаш и со тоа ја развивате меморија за да запомните или да ги обновите.